5 едноставни рецепти за убавина

Природните препарати за нега на телото не содржат хемикалии, а придонесуваат за подобрување на целокупниот изглед.

pet-beauty-recepata

1. Лице
Маската за лице направена од една лажица јогурт и лажичка мед е одлична за сите типови на кожа. Состојките промешајте ги, нанесете ја маската и оставете ја да отстои 15 минути. Измијте го лицето со млака вода.

2. Тело
За да направите хидратантен пилинг за тело, во мал сад ставете шеќер или сол, до половината. Додадете маслиново масло додека не го прикрие шеќерот или солта и сето тоа добро измешајте го. Во текот на туширањето, телото нежно масирајте го со смесата, а потоа добро измијте.

3. Коса
За да биде вашата коса мека и сјајна, искористете кокосово масло. Нанесете го на косата, оставете да отстои неколку минути, а потоа добро измијте. Наместо кокосово, можете да користите и маслиново масло.

4. Усни
За суви и груби усни најдобра домашна маска е ледот. Истријте ги усните со коцка лед и на тој начин отстранете ја сувата кожа.

5. Очи
Подочниците и отоците околу очите најлесно се отстрануваат со сок од краставици. Натопете неколку тупфери во сокот и ставете ги во замрзнувач. Кога ќе се замрзнат, ставете ги на уморните очи и држете неколку минути додека отокот не спласне, а подочниците не се смалат.