5 невозможни цели од кои треба да се откажете

Боксерската легенда Мохамед Али во една своја изјава рече дека „Ништо не е невозможно“, но во пракса работите не се баш сосема такви. Одлично ќе беше да можевте да реализирате баш сè, меѓутоа тоа е невозможно, а особено треба да се откажете од овие работи, за да си ги зачувате нервите и да не доживеете разочарување.

5-nevozmozhni-celi-od-koi-treba-da-se-otkazhete-188632

 

Обидот да ги задоволите сите

Бил Козби има речено „Не знам што е клучот за успехот, но знам дека клучот за да доживеете неуспех е обидот да ги задоволите сите“. Секогаш ќе има некој на кој нема да му се допаѓа она што го работите, кој ќе ве критикува и можеби отворено ќе ви каже дека не ве бива. Обидот да избегнете конфликт во животот е невозможен. Додадете на ова дека не може сите да ве сакаат.

Да не доживеете неуспех

А кој сака? Мајкл Џордан има речено дека во животот константно редел неуспех до неуспех за на крајот да стане она што е. Само треба да запомните кои ви биле грешките за да не ги повторите.

Да стигнете до успехот без да направите ниту една грешка

Со среќа, ако мислите дека вакво нешто е возможно. Обидите и грешките се составен дел на успехот, кој е награда за макотрпниот пат нагоре. Нема лесен пат. Постојано се соочувате со избори, а тие си имаат последици.

Да ја одржите љубовта кон партнерот на исто ниво целиот живот

Врските не се константни. Колку и да се сакате, има периоди кога ќе запнете и ќе треба да поработите за да ви тргне повторно. На сите им се допаѓа оној почетен период кога сте страсно заљубени и не можете еден без друг, но тоа минува. Очекувањето дека во врската интензитетот, емоциите и страста ќе бидат исти постојано, е нереално.

Да бидете најдобри на секое можно поле

Секој сонува да биде најдобриот вработен на работа, во друштвото него да го сметаат за најдобар пријател, врската да му е на врвно ниво. Ако ви треба потврда дека вакво нешто е невозможно, не одете далеку, туку завртете се околу себе и добро погледнете  – познавате ли некој на кој му успеало вакво нешто?