5 неочекувани причини поради кои мозолките постојано се враќаат

Пубертетот оддамна го поминавте, а вие се уште се борите со досадните мозолчиња и акни? Стручњаците велат дека најчесто е тоа наша грешка…

akni

1. Огледалце, огледалце
Дерматолозите велат дека луѓето најчесто имаат проблем со кожата поради пречесто гледање во огледало. Колку и да звучи смешно, сепак тие објаснуваат дека поради постојаното приметување на новите „недостатоци“, добиваме поголема желба да го чепкаме лицето и да ги стискаме мозолките, со што настанува уште поголем проблем, поради ширењето на бактериите.

2. Марами, очила, мобилни
Постојано ти се појавуваат мозолки на исто место? Размисли зошто е тоа така. Шаловите, марамите, очилата и мобилните телефони секогаш треба да бидат чисти.

3. Претерана употреба на пилинг
Спротивно од мислењето на повеќето – проблематичната кожа не треба постојано да се третира со пилинзи и агресивни третмани. Токму поради изложеноста на тоа, таа станува уште почувствителна и склона кон иритации. Два пати неделно е сосема доволно.

4. Наутро користите само вода
Повеќето жени навечер го чистат темелно лицето, но затоа пак наутро го мијат само со вода. Дерматолозите велат дека тоа е голема грешка, бидејќи на лицето му е потребно освежување и во утринските часови, заради насобраната маснотија и остатоците од препаратите ово текот на ноќта. Користете поблаг лосион или тоник, кој ќе ви служи само како освежување.

5. Масна, брза храна
Добро, знаеме дека не сте изненадени, но сепак изгледа како сите да го забораваме фактот дека брзата храна е штетна за буквално целиот организам, вклучувајќи ја и кожата. Веројатно нема потреба од повеќе објаснување?