7 парчиња долна облека на која мажите не можат да одолеат

Летото се ближи, а девојките повеќе време посветуваат на своето тело, па од ден на ден се сè позатегнати, потемни и повитки. Затоа девојки, ви препорачуваме уште пред почетокот на летото да го покажете своето бикини тело пред вашиот сакан.

Поплавете го со сексапил и заводливост, без никаков срам. Подновете се со долна облека од неговата фантазија и затоплете ги температурите на вашите тела.

1. Заводлива наметка

Жените често мислат дека мажите не сакаат наметки, но ако го пречекате завиткани во свила под која се ѕирка секси корсет, сè ќе ви стане јасно.

2. Бел корсет

Белата боја е боја на невиноста, но може да делува неверојатно секси ако знаете како да ја носите. Белиот корсет е полн погодок затоа што значително ќе го истакне вашиот тен, а воедно ќе делувате свежо и привлечно.

3. Црни чорапи и подвезици

Блеснете како холивудска дама и изненадете го вашиот сакан со малку повеќе сексапил од вообичаеното.

4. Нешто црвено

Црвеното секогаш „пали“. Момците многу пати признале дека не ја сакаат црвената како боја, но во креветот е навистина привлечна. Претворете се во страствена заводничка и изненадете го!

5. Секси ноќница

Памучните спортски пижами се незаменливи, но момците признаваат дека не можат да одолеат на свилените или сатенски ноќници кои совршено го отцртуваат вашето тело.

6. Спортски надколенки

Некои момци не можат да одолеат на спортски надколенки во комбинација со секси долна облека од чипка. Изгледаат женствено, опуштено и неверојатно привлечно.

7. Бразилски топлес

Можеби нема да верувате, но момците повеќе ги сакаат бразилските гаќички отколку тангата. Совршено ја оформуваат линијата на задникот, па можеби затоа се неодоливи.