Косовската опозиција оцени дека изборот на Хашим Тачи за претседател на Косово ја зајакнува позицијата на Србија кога е во прашање Косово.

Претседателот на Самоопределување Висар Имери изјави дека изборот на Тачи за претседател е поврзан и со давање на гаранции на Србите на Косово.
За Имери, изборот на Тачи дојде како резултат на силен притисок на дел на пратениците на Демократскиот сојуз на Косово, но и како резултат на поддршката на српските пратеници при гласањето за Тачи.
Опозицијата ќе ги продолжи своите протести и по изборот на Тачи за претседател. Таа ќе бара предвремени избори бидејќи потпишаната заедница на српските општини во Косово и договорот за поместувања на границата со Црна Гора се на штета на Косово, вели Имери.
макфакс