Четворица новинари ранети на турско-сириската граница

Четворица новинари, од Кина, Канада, Бугарија и Русија повредени се во вторникот на турско-сириската граница во минофрлачки оган, објави руската агенција РИА Новости, повикувајќи се на руското министерство за одбрана.

Image

 

РИА Новости вели дека руското министерство за одбрана објави дека новинарите се повредени во сириското село Кинсиба и дека нивните повредени се од полесен вид.

 

Сириската новинска државна агенција претходно објави дека гранатите се испалени  од турска страна на границата во Сирија и дека се повредени новинари кои биле дел од групата од 33 странски новинари кои требаше да го посетат подрачјето кое неодамна е преземено од бунтовниците.