Ден на жалост во Штип, по сообраќајката во која загинаа двајца

Општина Штип прогласи ден на жалост, откако Р.Шалев (30) и К.Петров (41) двајцата вработени во штипскиот зтавор, загинаа во втората сообраќајна несреќа која се случи во рок од четири дена во Штип.

Image

Загинатиот Петров е брат на Влатко Петров од населбата Чардаклија кој загина како припадни на АРМ за време на конфликтот во 2001 година, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.

Несреќата се случи по 19 часот, кога возилото со кое оделе на работа излетало од патот и завршило во реката Брегалница. Нивните колеги кои биле во второ возило веднаш зад нив излегле да помогнат, но не успеале да ги спасат. Истрагата треба да покаже дали починале како последица на удар или се удавиле во реката.

Пред три дена во Штип загина 38-годишен маж, кој беше прва жртва во сообраќајна несреќа, само 20 минути по полноќ во новата 2016 година, а ова е втора сообраќајна несреќа која однесе уште два млади живота.

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, денешниот ден го прогласи за Ден на жалост, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.