Хидрометеоролошкиот завод предупредува за обилни врнежи од дожд, со нестабилност и грмежи во попладневните часови на југоистокот и истокот на земјава.
Локално се очекува да наврнат и до 30 л/м2 дожд.
Врнежи од дожд ќе има и во текот на утрешниот ден, особено во источните и во североисточните делови од земјава.
Нов влажен бран се очекува во сабота и во недела, кога повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.