Монтреал ќе ги забрани питбулите

 

Канадската метропола Монтреал ќе го забрани чувањето кучиња од расата питбул, како и од други опасни раси, објави градоначалникот Денис Кодере.

Image (2)

„Одлучив да го забранам чувањето на кучињата од расата питбул и другите опасни раси, веројатно од почетокот на овој септември“, изјави градоначалникот за новинарите.

Денис Кодере ја даде оваа изјава по неколку инциденти во кои беа вклучени примероци од споменатата раса, а особено по неодамнешната смрт на една жена од Монтреал, којашто до смрт ја искасал песот на нејзиниот сосед.

Кодере појасно дека сопствениците ќе можат да ги задржат овие кучиња, но ќе мора да спроведат низа нови мерки кои ќе вклучуваат стерилизирање и задолжително носење корпа на муцката додека се надвор, како и вградување чипови.

Други канадски град – Квебек, веќе претходно најави дека од 1- јануари ќе го забрани чувањето питбули, но за разлика од жителите на Монтреал, властите на тој град нема да им дозволат на сопствениците да ги задржат своите кучиња.

Премиерот на покраината Квебек, Филип Куијар, минатата седмица изјави оти размислува за забрана на питбулите во целата покраина, како што е тоа веќе е сторено во соседната Онтарио.