Норвежанец нашол 35.000 евра во новиот стан што го купил

Норвежанецот Вермунд Торкилдсен, неодамна купил стан во близина на Осло, а додека го разгледувал со тројца свои пријатели нашол четири коверти со кеш.

Image

Имено, тој сакал да дознае дали може да се помести каминот, а кога со пријателите ја подигнале плочата, тој забележал нешто во оџакот.

Пријателите го држеле за нозете и светеле со мобилните телфони, по што тој успешно се искачил по оџакот и од таму извлекол четири коверти со околу 325.000 норвешки круни, или околу 35.000 евра.

„Најпрво ме облеа студена пот. Потоа сите скокавме на сред стан и викавме, а мислев дека такво нешто се случува само во лошите американски филмови“, вели тој.

Иако, тој е сопственик на станот, а со тоа и на парите, сепак сметал дека треба да им оддаде чест на двајцата старци кои пред тоа живееле во станот и сѐ што имале оставиле на здружението за борба против ракот.

Затоа се јавил таму и им ги оставил парите што ги нашол.

„Јас сум импресиониран како некој може да е толку чесен. Можел да не каже никому и да ги задржи парите, но сега сум среќен што реши да ни ги даде нам“, вели Оле Александер Опдалшеи, портпарол на здружението.