Индија успешно лансира 20 сателити во вселената со една мисија

Индија успешно лансира 20 сателити во една вселенска мисија, што е најмногу во историјата на вселенската програма на таа земја.

Image

Меѓу лансираните сателити се наоѓаат и неколку кои им припаѓаат на Германија, Канада, САД и на Индонезија. Лансирањето е одржано во индискиот вселенски центар Шрихарикота, на источниот брег на Индија.

Стручњаците велат дека тоа е знак на наметнување на Индија како еден од главните играчи на пазарот на истражување на вселената.

Доесегашниот рекорд на бројот на лансирани сателити во една мисија и припаѓа на вселенската агенција НАСА која пред три години лансираше 19 сателити.

Индија лансираше и свој картографски сателит како и неколку кои им припаѓаат на универзитетите во земјата, но и на меѓународни клиенти. Лансирани се дури 13 сателити на САД, вклучително и еден на компанијата Google.

Индија се повеќе влегува во вселенските прогами, а до сега праќаа сонди на Месечината и на марс. Лансирањето на повеќе сателити во една мисија е се почест тренд затоа што ги намалува трошоците, што ги доведува државите кои имаат вселенски програми до поинтензивна соработка.