Вкупно 3.324 мигранти се спасени во неделата во водите во близина на Либија, во вкупно 36 операции, објави италијанската крајбрежна стража, со што од четвртокот се спасени повеќе до 10.000 лица.

Мигрантите биле натискани во 25 гумени чамци и во еден дрвен брод, објави крајбрежната стража, без да наведе податоци за жртви.
Освен италијанските сили во операциите за спасување учествувале и бродови на европската агенција за надворешните граници на ЕУ – Фронтекс, како и од европската операција против криумчарите со луѓе „Софија“, и хуманитарните организации Лекари без граници и Си Воч.
Мигрантите се префрлени во пристаништа на југот од Италија. Со тоа бројот на мигрантите кои главно пристигнале од Африка од почетокот на 2016 година надминал 60.000 луѓе, според податоците на Високиот комесаријата на ОН за бегалци (УНХЦР).
Повеќе до 10.000 мигранти ги загубиле животите во обидот да дојдат од 2014 година, а од таа бројка повеќе до 2.800 загинале во 2016 година, објави ИНХЦР на почетокот од јуни.