Арсенал губи уште едно потенцијално засилување: Топрак ќе стане „милионер“

Премиерлигашот Арсенал никако да оствари некој од најавуваните трансфери во овој летен период. Варди и Махрез беа поврзувани со евентуално заминување во клубот од Лондон, но и двајцата ги продолжија своите договори со Лестер. Според информациите од Германија, тимот на Арсен Венгер повторно ќе забележи неуспех на трансфер пазарот, откако фудбалерот на Баер Леверкузен, Омер Топрак е на добар пат да го облече дресот на Борусија Дортмунд.

Toprak-615x400

Раководството на „топчиите“ подготви 14 милиони фунти за Топрак, но очигледно е дека тој својата кариера сака да ја продолжи во дресот на „милионерите“. До крајот на трансфер периодот остануваат уште неколку дена, а менаџерот Арсен Венгер ќе мора да побрза со ангажманот на фудбалери, знаејќи ги проблемите со повредени фудбалери.

ekipa,mk