Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Анте Чачиќ, се соочува со големи проблеми во пресрет на квалификациските натпревари со Косово и со Финска. Тој ќе ги нема на располагање двајцата најдобри фудбалери во средниот ред. По Лука Модриќ, кој правеше операција на коленото, повреда пријави и Иван Ракитиќ, играчот на Барселона. Тој не играше за својот тим на гостувањето против Селта, поради проблеми со Ахиловата тетива.
„Ракитиќ исто така нема да биде со нас. Има проблеми со Ахиловата тетива и мора да се лекува. Имам идеја кој ќе менува Модриќ и Ракитиќ, но се уште има време за тоа“, изјави селекторот Чачиќ на првиот собир на „коцкестите“.
ekipa.mk