Голема експлозија одекна во центарот на Истанбул, на плоштадот Султанахмет, покрај трамвајска станица во близина на Сината џамија и Аја Софија, во историското јадро на градот

Медицински тимови се на местото на експлозијата, а наводно има повредени, но можно е да има и мртви, јавуваат труските агенции. Корисниците на Twitter пишуваат дека пожарникари покриваат луѓе со ќебиња,
Пиротехничари стигнале на местото на нападот, а полицијата го запечатила подрачјето кое е преполно со туристи.
Се истражува причината за експлозијата, а полицијата верува дека се работи за бомбаш-самоубиец.
Првите снимки од Twitter прикажуваат зачаден плоштад, превртени автомобили, меѓу кои и полициски, кои наспбраните луѓе го враќаат назад.
макфакс