Рестрикциите врз основа на национална припадност, на границата меѓу Грција и Македонија ги спречуваат барателите на азил да стигнат до земјите каде што сакаат да ги достават своите барања, изјавија во четвртокот од Human Rights Watch.

Според оваа организација, барателите на азил се враќаат на места каде што нема соодветни услови, наместо да бидат обезбедени во бегалските кампови обезбедени од страна на хуманитарните агенции. Во неможност легално да преминат, многу од луѓето се обидуваат нелегално да ја преминат границата, при што се соочуваат со насилство од страна на македонските чувари, велат од HRW.
HRW додаваат дека при една ваква состојба, криминалците кои се бават со шверц на бело робје ги искористуваат мигрантите и бегалците кои се заглавени на границата во Грција.
„Неуспехот на Европската унија да ја реши бегалската криза на еден фер и одговорен начин доведе до големи рестрикции на границите, со што мигрантите и бегалците се соочуваат со огромни ризици од злоупотреба и експлоатација“, изјавил Питер Букарт, директор во Human Right Watch.
Грчките власти не им дозволуваат на барателите на азил да преминат на македонската граница доколу не се Сиријци, Ирачани и Авганистанци, кои имаат намера да побараат азил во Германија и Австрија.
Македонија, Србија и Хрватска во ноември минатата година почнаа да го ограничуваат преминувањето преку нивните граници, дозволувајќи само баратели на азил од Сирија, Ирак и Авганистан. Ова беше направено по одлуката на Словенија да не дозволи влзе во земјата на баратели на азил и мигранти од останатите земји како Иран, Еритреја, Сомалија, Либија, Пакистан, Мароко и Алжир. На 21-ви јануари пак, македонските власти додадоа и уште едно барање, а тоа е да им дозлат влез во земјата само на оние баратели на азил од Сирија, Ирак и Авганистан кои имаат намера да патуваат во Германија и Австрија, додаваат од HRW.