[cbtabs][cbtab title=”Дневен “]
Вашиот талент и вашата деловна етика ги фасцинираат луѓето околу вас. Без оглед дали ќе забележувате, лицата околу вас ќе ви се восхитуваат. Денешната планетарна енергија ќе ви даде сила да бидете многу подобри од претходно.
[/cbtab][cbtab title=”Месечен “]
Ноември 2015
Работа – На почетокот на ноември ќе имате можности да соработувате со важни личности. Поминувањето на Венера, Сонцето и Меркур низ вашиот знак ќе ви донесат успех и финансиски прилив во втората недела од овој месец.
Љубов – Ноември за вас ќе биде прилично емоционален месец, но и многу важен од љубовен аспект. Венера ќе биде во вашиот знак сѐ до 16ти ноември, а Сонцето до 23ти ноември, додека пак, Меркур ќе биде во вашиот знак последните две недели. Тоа значи дека љубовта ќе ја барате во сите ќошиња и ќе се посветите на саканата личност. Кон крајот на месецот ве очекуваат настани на кои ќе треба да донесете важни одлуки.
Здравје – Доколку имавте проблеми со здравјето во последните неколку недели, овој месец можете да се опуштите малку, бидејќи ве очекува подобрување на вашата здравствена состојба. Релаксирајте се во домашна атмосфера со најблиските.
[/cbtab][cbtab title=”Годишен “]
2015
Работа: Се појавуваат нови видици на работен план кадешто Јупитер од август па до крајот на 2015 година и почетокот на 2016 носи вистински промени – промовирање, напредување, добри работни понуди, едно големо да за сите ваши барања. Октомври ќе ви биде особено среќен месец кога многу Бикови навистина ќе се чувствуваат благодарно за она што го работат. Интересна е слободата и авантуризмот кои низ работата се будат само кај Бикот, па на моменти скоро и да не ги препознавате додека гледате како собираат знаење. Односот со околината е проблематичен во текот на летото, особено в о јули. Со финансиите ќе бидете многу повеќе задоволни отколку досега, но и тоа за вас и понатаму е недоволно за целосно да се опуштите.
Љубов: Со излегувањето на Сатурн од вашата куќа која се однесува на љубовните односи, сериозните врски и постојаните заедници – ќе се почувствувате како да се споиле сите мостови во светот. Долгите транзити ја имаат моќта работите да ги направат напорни до откажување, па токму тука голем број луѓе потклекнуваат, ги спуштаат критериумите, прават компромиси или го прифаќаат минимумот – но не и вие. Бикот никогаш не се откажува и упорно може да го чека своето, бидејќи најдобро од сите ги познава сопствените вредности и јасно знае што заслужува. Промените ги мразите од дното на душата, а секогаш тежнеете кон квалитет и стабилност. Затоа и во љубовта доаѓа во предвид личост со која можете да изградите постојан однос а не привремена романса. Биковите кои се веќе во заедница преминуваат на ново ниво на односи, со оглед на тоа што во претходните неколку години покажале трпение и разбирање кон партнерот.
Здравје: Во 2015 година во принцип ќе имате добро здравје. Плутон во Јарец и Јупитер во Девица ве поддржуваат во превентивата, па затоа редовно одете на прегледи. Сатурн во осмата куќа бара редовно чистење, детоксикација и зголемена грижа за половите односи – не ризикувајте премногу и почитувајте ја сопствената интуиција и сопствените стравови.
[/cbtab][cbtab title=”Карактеристики”]
ЈАС ИМАМ… Ова е мото за луѓето родени во знакот на Бик.
Под влијание на Венера, планета која симболизира љубов,убавина , ументност и уживање. Припадниците на овој знак сакаат хармонични односи и сигурност во својата фамилија и во пријателите кои им се драги. Ужасно се истрајни и одлучни во се што прават, но и штедливи, па во поголем број од случаите успеваат да си обезбедат тоа што за нив е најважно – материјална сигурност и спокоен живот.
Кога љубовта е во прашање, Биковите освојуваат со лежерност. Нивните чувства се длабоки и мирни, романтични се и сензуални, едноставно неодоливи. Можат да се наречат и идеални партнери, затоа што даваат цело срце и душа на оние кои што ги сакаат. Во повеќето случаи се верни, но можат да бидат многу посесивни и љубоморни.
Едноставно материјалната сигурност им е преокупација, одлично ќе се снајдат во работа која што е поврзана со економијата и финансиите, како и во исхраната. Сакаат уметност, особено музика и меѓу нив има доста пејачи.
Слаби точки им се грлото, вратот, но често се болни и од болести кои што се поврзани со прекумерно јадење и пиење.
[/cbtab][/cbtabs]