Близнаци

[cbtabs][cbtab title=”Дневен “]

bliznaci

Некој ќе ве повика да му помогнете, а вие наместо навистина да му помогнете, ќе започнете со фалби. Тоа ќе ја изнервира околината која може да го промени мислењето за вас. Иако сакате да бидете во центар на вниманието, ќе бидете запоставени, и тоа со право.

[/cbtab][cbtab title=”Месечен “]

bliznaci

Ноември 2015

Работа – Низ вашиот знак, овој месец ќе поминат повеќе планети, докажувајќи дека ова ќе биде месец на напнати активности. Можно е да се соочите со тешки задачи и „тешки“ луѓе. Вториот дел од месецот ќе биде многу повеќе релаксиран и да ви донесе успеси на професионален план. Што се однесува на финансиите, стрпете се од инвестирање.

Љубов – Доброто развивање на вашата моментална врска, или почетокот на некоја нова врска ќе зависат од вашиот начин на комуникација. Комуникацијата ќе ви биде оружје со кое ќе заведувате. Првата недела од овој месец сепак нема да биде добра колку што очекувате. Можна е караница со партнерот. Оние кои не се во врска, нека не очајуваат, наредниот месец ќе имаат повеќе среќа.

Здравје – Препорачливо е да се погрижите за вашето здравје, бидејќи овој месец е посебно критичен за вас. Кон крајот на месецот пазете се од сезонските настинки и грипови.

[/cbtab][cbtab title=”Годишен “]

bliznaci

2015

Работа: Алелуја! Сатурн излегува од вашето работно поле кадешто престојуваше од октомври 2012 година. Депресивна атмосфера на работа, притисоци од надредените и негрижа и непочување кон нив или немање работа – сето тоа кај вас предизвикува стрес. Професиите поврзани со природната средина, здравјето, курсевите, проектите, предавањата, организациите, медиумите, хуманитарните акции и слични настани ќе ви отворат многу врати. Финансиите ќе бидат значително подобри во втората половина на годината, и ќе ги вратите долговите навреме.

Љубов: За Близнаците најчесто се вели дека со себе носат леснотија, нивната насмевка, разиграност, љубопитност и раздвиженост прави да остават одличен впечаток. Меѓутоа, не е се` совршено. Секогаш постои онаа другата интровертна страна – која во своите четири ѕидови смислува каде да пронајде смисла и како конечно да биде задоволен во љубовта. Во изминатите три години постојано се враќавте на старата љубов, бевте со партнери со кои се задржувавте кратко, и сето она што би требало да биде блискост и препознавање – се претвораше во конфликт и предизвикувач за потсвесна траума. Со влегувањето на Сатурн во вашето седмо поле кое астроллошки се однесува на заедницата и врските, ситуацијата е следна: ќе го добиете она и што го очекувавте, партнер со кој ќе се разбирате.

Здравје: Бубрезите ќе ви бидат слаба точка. Опасност генерално од пороците – не претерувајте, јануари е опасен период. Исто така во 2015 година ќе бидете склони кон падови и повреди, умор, стрес, а особено внимание треба да обрнете кога возите.

[/cbtab][cbtab title=”Карактеристики”]

bliznaci

ЈАС КОМУНИЦИРАМ… Ова е основното мото на Близнакот, кои некои пак би го кажале ова како, јас зборам, се додека има некој кој ќе ме слуша.

Нивна планета е Меркур, која ја означува интелегенцијата, досетливоста, итрината. Близнаците се двоен знак, па затоа некои ќе ги доживеат како површни, а други пак како паметни и љубопитни луѓе. Вредни се и итри, полни се со радост и постојано сакаат околу нив нешто да се случува. Како пријатели се незаменливи, големи деца се и кога се повозрасни.

Во љубовта знаат да бидат малку површни, но во исто време знаат да ракуваат со повеќе „фронтови“, затоа што за нив се е тоа интересно и сакаат се одеднаш, но чувствата им се доста длабоки. Тешко остануваат верни, баш поради тоа што не ја сакаат монотонијата и едноличноста и лесно се завртуваат по друга поинтересна личност.

Едноставно се одлични реторичари, адвокати, новинари, професори, трговци, сите работни места кои се со контакти со луѓе.

Осетливи точки им се: белите дробови, рамениците, рацете и нервите.

[/cbtab][/cbtabs]