Дали раскинувањето беше правилна одлука?

Да бидеме искрени, на никој не му е лесно да ја прекине љубовната врска. Па дури и во моментите кога блиските ви велат дека сте ја донеле правилната одлука, тешко ви е да преминете преку сè.

Break-Up

Но, за да бидете сигурни дека не сте погрешиле, доволно е да се најдете во половина од овие знаци и да ги смирите мислите.

1. Постојано живеевте во страв дека ќе ве остави.

2. Повеќе им се воодушевувавте на другите парови како функционираат, отколку на вашата врска.

3. Кога ќе почнете да се присетувате на врската, прво ви доаѓаат лошите спомени.

4. Љубомората на еден од вас имаше негативно влијание на врската.

5. Ве тераше да се чувствувате лошо за работите кои ве интересираа.

6. Не стекнавте впечаток дека ве поддржува во вашите цели.

7. Ги изгубивте пријателите заради врската.

8. Во вашата врска имаше константна борба околу тоа кој е доминантен, супериорен и така никогаш не бевте еднакви.

9. Еден од вас постојано префрлаше дека му недостасува „старата верзија“ на другиот.

10. Не се чувствувавте пријатно во кругот на семејството на партнерот.

11. Чувствувавте дека мора да криете дел од себе за врската да успее.

12. Еден од партнерите постојано се грижеше што прави другиот кога не е до него.

13. Дури и ситните кавги се претвораа во големи расправии.

14. Постоеја двојни стандарди – работите кои за едниот беа забранети, за другиот беа дозволени.

15. Често се наоѓавте во ситуации да викате на блиските, без да знаете зошто.