Диего Коста му донесе победа на Челзи

Со голот на Диего Коста на истекот на претпоследната минута од натпреварот Челзи синоќа на домашен терен забележа победа против Вест Хем со 2:1.

diego-kosta-640x294

Претходно Еден Азар од пенал во 47.минута му донесе водство на Челзи, а Џејмс Колинс во 77.минута изедначи на 1:1.

Ова беше последниот дуел од 1.коло во новата сезона од Премиер лигата.

На клупата на Челзи дебитираше новиот менаџер Антонио Конте.

На другите натпревари од првата премиерлигашка рунда беа постигнати следниве резултати:

Борнмут – Манчестер Јунајтед 1:3,
Арсенал – Ливерпул 3:4,
Хал – Лестер 2:1,
Барнли – Свонси 0:1,
Кристал Палас – ВБА 0:1,
Евертон – Тотенхем 1:1,
Саутемптон – Вотфорд 1:1
Мидлзброу – Стоук 1:1 и
Манчестер Сити – Сандерленд 2:1.