Белата точка среќна за Атлетико

Манчестер Сити го потврди пласманот во четвртфиналето во Лигата на шампионите, додека Атлетико Мадрид по подоброто изведување на пенали успеа да го елиминира ПСВ Ајндховен.

Image

Манчестер Сити го одработи реваншот против Динамо Киев, прв пат во клупската историја се најде меѓу најдобрите осум тимови во Европа, но остана без двајца дефанзивци. Поради повреди мечот предвреме го завршија Компани и Отаменди.

Сити уште во Киев со победата од 3:1 обезбеди пласман во четвртифналето, па ревашнот помина мирно, без поголеми тензии и заврши 0:0.

Атлетико и ПСВ, во реваншот, слично како и на првиот меч не постигнаа гол, истото се случи и по продолженијата, па патникот во четвртфиналето го решаваа пеналите, каде повеќе среќа имаа „јорганџиите“.

Во регуларниот дел од натпреварот ПСВ повеќе ја контролираше топката, но успеа да создаде само една конкретна шанса, во 61.минута, кога по ударот на Морено Облак интервенираше, а топката заврши во дирекот, а во продолжение на акцијата Фелипе Луис го блокираше ударот на Де Јонг.

Атлетико во 90 минути создаде две шанси, преку Гризман во 15-та и Торес во 87.минута.

Во продолжението Атлетико повече притискаше кон голот на противникот, но успеа да створи само една шанса, во 94.минута, кога младиот Хернандес, од четири метри со глава биееше над голот.

Во пенал серијата реши промашувањето на Лусиано Нарсинг кој беше осими изведувач за ПСВ, а потоа Хуанфран погоди и го однесе Атлетико во четвртфиналето.

Седум пенали за ПСВ реалзираа Ван Гинкел, Гвадрадо, Пропер, Брума, Морено, Лисејен и Аријас, додека сите осуммина кои шутираа за Атлетико беа прецизни: Гризман, Габи, Коке, Саул Нигез, Торес, Хименез, Фелипе Луис, Хуан Фран.