Дневен хороскоп – 04.02.2016

zodiac-signs02zo

Овен 

Долго бевте ангажирани на исто работно место кое не ви дозволуваше да дојдете до полн израз. Финансиските очекувања ќе ви бидат остварени. Комуникацијата со партнерот е многу деликатна и двајцата се однесувате воздржано. Можни се проблеми со алергија.

Бик 

Свесно влегувате во деловни ризици. Послушајте го добронамерниот совет на еден пријател. Обидете се емотивно да не се вклучувате во проблеми. Доколку сте во брак, вашиот коректен однос со партнерот може да претрпи некои промени. Придржувајте се до препишаната терапија.

Близнаци 

Не умеете да го контролирате трошењето на пари и затоа често западнувате во тешка финансиска криза. Партнерот не ги исполнува вашите вистински потреби, па затоа вашата врска ќе поминува низ променлива фаза. Очекувајте излез со пријателите. Депресивни сте.

Рак 

Сакате по секоја цена да бидете во центар на внимание. Потребата да бидете сегде забележани и доминантни е многу изразена и ќе успеете да ја исполните, но немојте да се обидувате да доминирате во својот дом, Семејството нема да го прифати тоа. Чувствителни ви се очите и видот.

Лав 

Не сте тактични и дипломати и поради тоа можни се некои судири. Вашата желба секаде да се чувствувате како дома нема да биде остварена. Комуникацијата со партнерот може да се сведе на откривање кој и каде погрешил. Можни се проблеми со дијабетес.

Девица

Не сакате повеќе ниту еден момент да ги трпите проблемите на работа. Односот со партнерот ќе биде полн со префрлување. Доколку сте слободни, би можеле одеднаш да добиете понуда за брак, која може да ви биде многу примамлива. Применете некаков вид на релаксација.

Вага 

Им дозволувате на другите луѓе да управуваат со вашата добрина и расположение. Имате зголемена потреба за партнерот, сакате се да правите во пар, но може да се случи партнерот да нема иста желба. Можна е некаква инфекција.

Скорпија

Големи се шансите некој да ви го врати долгот. Можни се брачни и партнерски проблеми и необични случувања, а тоа исто така се однесува и на односите со пријателите. Консумирајте повеќе витамини. Избегнувајте ги предизвикувачите на стрес.

Стрелец 

Премногу сте упорни во се што работите. Ќе ве изненади околината кога ќе сфати дека знаете да бидете и безобразни. Комуникацијата со партнерот повремено ќе изгледа неприродно, но секако ќе биде полна со љубов. Здравствената ситуација е одлична.

Јарец  

Работата е единственото нешто што ве интересира во моментов. Доколку се занимавате со поголеми работи, ова е сјаен перод за вас. Сепак, оставете малку простор и за своето семејство и за партнерот. Чувајте се од можни изгореници и исеченици.

Водолија 

Ќе бидете изненадени со позитивниот пресврт на работа. Доколку истраете да ја завршите работата со ова темпо, очекувајте многу успех. Партнерот од вас очекува исто што и вие од него, некој мора да го започне разговорот. Полни сте со сила и енергија.

Риби 

Неконтролирано ги трошите парите. Ќе биде пожелно парите да ги искористите за подобрување на животните услови наместо за лични задоволства. Доколку ви е важен партнерот, покажете му го тоа, инаку ќе останете сами. Проблеми со синусите.