Кој е најискрениот знак во зодијакот?

Тој нема време, ниту желби за измислени приказни ниту игри, туку тоа што навистина го мисли, и го кажува, а најчесто е и во право.

horoskop1 (1)

Далеку од тоа дека не умее да се оснесува пристојно и дека сака некого да навреди, но едноставно кажано, тој е непосреден и отворен. Можеби неговите ставови понекогаш ќе ви делуваа чудно, но тој ќе ве освои со својата оригиналност и несекојдневна личност. Тој е последен помеѓу воздушните знаци – секако, тоа е чудната и чудесна Водолија.

Нивната искреност во овој свет се цени исклучително малку, некои можеби ги сметаат и за изроди, но на сите им е апсолутно симпатичен начинот на којшто тие ја изразуваат својата искреност. Водолиите нема да размислат два пати пред да ви кажат дека сте ставиле некој килограм повеќе, или пак дека палтото не ви стои добро, или дека можеби сте погрешиле во нешто.

Тие се отворени, ја сакаат забавата и дружењата. Секогаш се подготвени за да помогнат. Нивната интелигенција ги надминува границите, но често тие немаат волја за да ја искористат, бидејќи помалку се и мрзеливи. Не сакаат ограничувања и подготвени се да бидат сосема искрено – Јас имам свој живот, не мешај ми се!

Тие исто така не ја трпат и досадата, бидејќи едноставно не можат да се смират на едно место, а нивната љубопитност пак и интелигенција никогаш не им даваат мир. Водолиите се големи мислители и филозофи, па со оглед на тоа сакаат да го имаат главниот збор, но и да ги послушаат туѓите мислења.

Сакаат да бидат независни, да имаат слобода, па често се индивидуалисти и не се снаоѓаат во тимското работење. Водолиите немаат предрасуди кон другите, а често знаат и да се издигнат над ситуацијата и да посветат мало внимание на неважните нешта. За нив велат дека се големи сонувачи и дека главата буквално им лебди во облаците. Често знаат да се исклучат, како да не се присутни, иако им се обраќате токму ним. Тоа е затоа што сакаат да сонуваат, но понекогаш се мрзеливи за да тргнат во остварување на своите планови.

Водолиите се добри глумци, па често глумат и во животните ситуации, а поради тоа не им паѓа тешко за понекогаш да излажат како би се извлекле од непријатните околности. Како во крвта да им е всадена желбата за блефирање. Не мислете дека лесно ќе ги прејдете, бидејќи нивниот ум работи побрзо од било што друго. Можат да бидат исклучително мирни и срамежливи, но и енергични и ексцентрични. Исклучително многу се самоуверени и знаат дека тие едноставно го можат тоа. Никако не го сакаат моментот кога ќе се посрамотат пред другите.

Кога се работи за љубовта, тие најчесто се заљубуваат во нечија интелигенција, а досадните личности никогаш нема да го освојат нивното срце. Често делуваат како да сакаат да бидат осамени, но всушност тие се во постојана потрага по сродна душа со којашто ќе може да водат разговори до доцна во ноќта.