Што да очекувате од хороскопските знаци на почетокот на новата врска?

 

horoskop-ljubov

Овен

Тој: Кога тој ќе реши да преземе акција, со вас е веќе готово. Нема каде да бегате. Тој веќе е во сите ваши мисли. Ако тоа потрае подолго време, сметајте дека сте го задржале покрај себе. Но, ако тоа не трае долго, имате причина да бидете загрижени за заедничката иднина затоа што тој има освојувачка природа која тешко се смирува. Него го возбудува она што навидум е неосвоиво. Ако успеете малку да се оддалечите од него, тој пак ќе почне да трча по вас.

Таа: Таа нема да губи време со вас ако не сте нејзин тип. Но, ако фрлила око на вас бидете спремни со неа да ги минете и деновите и ноќите. После бурната ноќ таа ќе ве разбуди со појадок в кревет и ќе осмисли романтичен викенд на море. Ако сте маж со кој таа сака да ги доживее овие работи, таа веднаш ќе се фрли во акција. Но, ако не сте доволно мажествени и елегантни, тоа нема да се случи.

Бик

Тој: Кога сите мажи би биле како Биковите, ниедна жена не би била сама. Тој долго се труди да ја освои девојката која ја посакува, а штом ја освои уште потешко ја пушта да си замине. Ако тој реши да ве освои, вие ќе бидете само негова. Немојте ни да помислувате да се одмаздувате со флерт со некој друг доколку ве изнервира неговата тврдоглавост, затоа што тој ќе возврати бесно, се разбира, ако му е дојдено до вас.

Таа: Кога таа ќе сфати дека вие сте човекот на нејзиниот живот, ќе ја искористи целата своја женственост за да ве увери дека ќе имате убав живот покрај неа. Сите ѝ завидуваат на нејзиното дамско однесување и кулинарски вештини, а вие би можеле да бидете многу среќни што ќе имате таква жена покрај себе. Таа ќе ве задржи и со тоа што пред целиот свет ќе покажува дека таа е само ваша и вие сте само нејзин.

Близнаци

Тој: Близнакот е најзабавниот и најшармантниот во друштвото, па не е чудо што толку брзо ги освојува жените. А потоа, откако добро ќе се забавува со вас, ќе озборува и ќе патува, очекувајте дека ќе побегне. Ќе го задржите само со непрестајна потрага по нови знаења и авантури и големо разбирање за неговата потреба да се оддалечува и пак да се врќаа поблиску вас.

Таа: Таа ќе си игра со вас додека ве освои, но ќе продолжи на ист начин и понатаму кога ќе ве стави на нејзината листа на трофеи. Нема да ви биде здодевно со неа. Таа е одличен готвач, особено за брза и нездрава храна, ќе ве однесе каде било на планетата и секогаш ќе остане истото она девојче кое некогаш одамна го освоило вашето срце. Со неа работите постојано изгледаат како да се менуваат, но таа како да не се менува.

Рак

Тој: Колку што бил упорен да ве освои, толку ќе биде упорен и да ве задржи. Со него можете да се карате, да се смирувате, пак да се карате, пак да се смирувате, но тој постојано ќе биде спремен за нов почеток ако искрено ве сака. Нема да се смири сè додека не ве обезбеди вас и своето семејство со сè што ви е потребно за еден удобен живот.

Таа: Жената Рак може да ве освојува со месеци и со години. „Случајно“ ќе налетува на вас, тајно ќе ве набљудува од далечина, полека ќе ви се доближува додека на крај не ве освои. Кога ќе започнете врска со неа, таа ќе се погрижи никогаш да не ви ја скрати можноста за долго водење љубов или за излегување само со вашите пријатели. Таа ќе ве остави да мислите дека можете да правите што сакате и со кого сакате, но ако се опуштите премногу таа ќе почне да се жали кај сестрите, мајка ѝ, пријателките… Е, тогаш веќе нема ништо што може да ве спаси од нејзината лутина.

Лав

Тој: Ништо не е неосвоиво за Лавот. Тој ќе ја потроши и целата плата ако треба само за да направи нешто со кое ќе ве воодушеви. Во друштво ќе ве третира како кралица, но во домот ќе очекува да му угодувате. Ако го прифаќате тоа, тогаш полесно ќе се сложувате со него.

Таа: Во заблуда сте ако мислите дека вие сте ја освоиле неа. Таа ве освоила вас. Таа е онаа која ги бира своите партнери, а ги остава да мислат дека е обратно. Така таа ги извојува своите победи. Штом еднаш ве освои, таа ќе стори сè за да ве задржи. Ќе изгледа како да е зависна од вас, а ако вам тоа ви годи, ќе почнете да ги слушате сите нејзини желби и наредби.

Девица

Тој: Тој има доста срамежлив и практичен пристап кога станува збор за освојувањето, но кога ќе ве освои ќе се претвори во поет кој на уво ќе ви ги каже најубавите зборови на овој свет. Му треба малку ветар во грб за да дејствува и додека освојува и кога е во врска, а ако му го дадете тоа, нема да зажалите.

Таа: Девицата лесно ги освојува мажите со таа нејзина срамежливост и воздржаност. Таа ќе биде сè што ќе посакате – од најнежна негувателка до најстрасна љубовница. Ќе ја задржите таа удобност само ако бидете внимателен со неа и ги почитувате правилата кои таа ќе ги постави.

Вага

Тој: Мажот Вага ужива додека се додворува и додека ја освојува девојката која веќе го освоила неговото срце. Тој посакува тоа да трае засекогаш. Нему му фали исиот тој полет понатаму во врската. Ако не внесувате новини во вашето секојдневие, тој може лесно да го загуби интересот.

Таа: Оваа жена ви го подарила своето срце и затоа не поднесува кога ќе ја запоставите. Не е комплицирана личност и многу сака комплименти. Ако сакате подолго да остане покрај вас, запомнете дека омилениот комплимент за неа е „те сакам“. Ако тоа не се случува, таа може да побара утеха кај друг маж.

Скорпија

Тој: Таков заводник ретко се раѓа. Вие се прашувате што тој воопшто прави, а не ни сфаќате дека веќе ви пришол од зад грб и „ве заробил“ во својата прегратка. Не можете да одолеете на неговиот длабок поглед и суптилен допир. Ако тој реши дека сака да биде со вас, нема да си дозволи да ве изгуби.

Таа: Скорпијата во љубовта оди на сè или ништо. Ако реши да биде ваша девојка, таа знае што треба да направи за да стане тоа, а и да ве задржи потоа. Таа ќе ви постави доста високи стандарди во врската со неа, а понатаму е спремна и на уцени ако почувствува дека полека ве губи.

Стрелец

Тој: Стрелецот делува многу сигурно во себе додека заведува, но не и кога треба да се докаже како партнер во врската. Бргу му здодеваат работите и сака одново да оди во освојувачки поход, но овој пат по друга партнерка. Ако се решите да останете покрај маж Стрелец помалку верувајте му на зборовите, а повеќе на делата.

Таа: Откако оваа заводничка ќе ве освои, јасно ќе ви даде до знаење кои се нејзините очекувања од врската со вас. Ве одбрала за да помине барем дел од животот со вас и затоа нема да си дозволи да биде незадоволна. Отворено ќе разговара за секој проблем кој ќе се појави меѓу вас. Тоа е нејзиниот начин да ве задржи покај неа.

Јарец

Тој: Можеби ви изгледа збунето и срамежливо, но ќе ве изненади со неговото џентлменско однесување кога ќе се опушти повеќе со вас. Ќе ве носи секаде со себе, ќе ве покажува на сите и нема да дозволи ништо да ви фали. Постојано ќе ве гали, мази и чува и нема да сакате никогаш да го напуштите.

Таа: Таа добива кого и да посака. Кога ќе станете нејзин избор, а тоа секогаш е на подолго време или за цел живот, нема да ви биде лесно да ѝ угодите. Потребно е истовремено да бидете страстен љубовник, посветен татко, добар домаќин и пред сè силен поддржувач на нејзините амбициозни планови. Е, тогаш ќе ви даде љубов за каква што не сте знаеле дека постои.

Водолија

Тој: Овој маж знае како да постапи со жената која ја сака. Сака да манипулира и затоа му треба малку време за да одбере тактика која ќе ја примени на вас. Секогаш кога мислите да му се налутите, тој ќе најде начин како да ве изненади и шармира уште еднаш. Тој ќе направи да мислите дека сте создадени еден за друг и дека никогаш нема да најдете подобар од него.

Таа: Жената родена во Водолија знае како да го задржи мажот кој го љуби. Секогаш ќе се труди да изгледа убаво, ќе стане најдобра пријателка со сите кои ви се допаѓаат и вознесено ќе ги прераскажува на сите вашите заеднички доживувања. Вам нема да ви пречи да ја слушате сè додека ви искажува љубов на тој начин.

Риби

Тој: После толку вложен напор за да ве освои, тој нема да дозволи лесно да му избегате. Иако не е јак на нерви, со вас ќе биде најтрпеливиот човек на светот. Ќе направи да мислите дека тој е вашиот идеален партнер со бројните мали романтични гестови, но морате добро да внимавате на него. Тој знае да побара возбуда и на друго место.

Таа: Жената Риба има вродени вештини за освојување и задржување на мажите. Таа смета дека во љубовта сè е дозволено. Таа нема да се двоуми да примени каков било метод само за да ве задржи, секако, ако навистина сака да биде со вас. Зрачи со сексапил во секое свое движење, а кога тие движења ги прави во спалната соба, тогаш сте нејзин и само нејзин.