Кинески хороскоп: Што ви носи годината на Мајмунот?

Оваа година кинеската нова година ќе започне на 8-ми февруари и ќе трае до 27-ми јануари 2017. Луѓето родени во годината на Мајмунот се паметни, љубопитни, немири и иновативни. Сепак, се верува дека годината е една од најнесреќните во кинескиот календар.

Chinese-Horoscope

Според предвидувањата во 2016-та глобалната економија ќе биде во лоша состојба и многу компании ќе банкротираат. Од друга страна годината е добра за разрешување на семејните и љубовните проблеми.

Што вели вашиот хороскоп?

Стаорец – година на раѓање (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Сега е вистинското време да го завршите она што сте го почнале во претходните години. Во текот на годината на мајмунот, ќе ја разгорите страста и ќе остварите добри деловни контакти. Трудот што го вложувавте во изминатите години на крајот ќе ви го донесе она што долго време го посакувате. Тврдоглавоста на колегите може да ви направи проблеми, но ништо посериозно. Од финансиска гледна точна сè ќе функционира како што треба и ова е најдобриот период да ги вратите старите долгови. Ќе имате помалку енергија од претходно, па се препорачува да започнете да се занимавте со некоја друга физичка активност.

Бивол – година на раѓање (1925, 1937, 1949, 1973, 1985, 1997, 2009)

Оние кои се во брак може да имаат проблеми со партнерот на почетокот на годината, додека оние кои сакаат да ја официјализираат својата врска, подобро да ја почекаат следната година за тоа. Во почетокот на година се забележува и подем во кариерата што ќе биде особено нагласен во првите 4 месеци. Здравјето е добро, но не претерувајте со вежбањето. Последните месеци носат компликации на финансиско поле, затоа внимавајте во што ги инвестирате парите.

Тигар – година на раѓање (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Вашиот карактер ќе помине низ радикални промени. Сè што сте планирале во 2015 ќе се оствари, а вие ќе вложите дополнителен напор за да станете подобра личност. Брачните двојки, годинава може да очекуваат принова. Кариерата носи нови предизвици и можности. Ќе ги инвестирате парите во реновирање и ќе планирате нови патувања. Што се однесува до семејството и пријателите односите ќе бидат хармонични. На вас преостанува само да решите што е она што го сакате од животот и кон што целите.

Зајак – година на раѓање (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

За разлика од претходните години, оваа година ќе бидете поемотивни, па најдобро е уште на почетокот на годината да ги решите емотивните потешкотии. Првите неколку месеци ќе бидат проблематични, по што следува разрешување на ситуацијата. На работа ќе покажете поголема самодоверба од обично, па ќе преземете повеќе обврски кои најверојатно нема да можете да ги завршите на време. Емотивните проблеми му штетат на вашето здравје и на вашата работа. Затоа обидете се да бидете што подалеку од стресот.

Змеј – година на раѓање (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Годината носи нови искуства и деловни прилики кои што не смее да се пропуштат. Кога станува збор за љубовта, нештата може да се комплицираат. Не се обвинувајте себе си ако крајниот епилог не биде онаков каков што сте посакале. Сосема неочекувано може да ја пронајдете сродната душа на деловен состанок, што освен прогрес во кариерата ќе ви донесе и прогрес на љубовно поле. На крајот од годината се можни семејни проблем поради преголемо трошење пари.

Змија – година на раѓање (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Во љубовта мора да бидете паметни и да не дозволите изгледот да ве излаже. Желбата за задоволување на страстите лесно може да ве наведе да се заљубите во погрешна личност. Колегите ве гледаат како можна закана за нивната работна позиција, па нема да биде лошо ако на некое време малку се повлечете и да им дадете повеќе простор. Желбата за поголема самостојност ќе ви донесе проблеми во бракот. Обидете се да му посветите повеќе време на семејството и на децата.

Коњ – година на раѓање (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Напорната работа ќе се исплати и ќе ви донесе успех на деловно поле. Ве очекуваат бројни патувања на кои ќе запознаете нови соработници и ќе имате нови можности за соработка. Годината ви носи поголема емотивна стабилност во односите со другите луѓе. Во летните месеци можни се проблеми со здравјето кои на прв поглед изгледаат мошне наивно, но имаат тенденција да се искомплицираат.

Коза – година на раѓање (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Уште повеќе ќе се зближите со оние кои ви се важни во животот. Повеќето од времето ќе го поминувате со семејството и со емотивниот партнер. На работно поле сè оди во нагорна линија, па ќе бидете мошне задоволни од постигнатото. Ова несомнено е година на добри прилики. На вас останува максимално да ги искористите можностите и храбро да тргнете кон она што го сакате. Атмосферата во домот е хармонична, а децата само допринесуваат кон вашата среќа.

Мајмун –година на раѓање (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004)

Првата половина на годината ви носи поддршка на секое поле. Сепак, не прифаќајте обврски кои не можете да ги завршите на време. Ако сте слободни не пропуштајте ниту една прилика за дружење бидејќи овој период ќе ви донесе нова љубов. Поради работата ќе патувате во странство, а средината на годината ќе ви донесе нови деловни успеси и можност за заработка. Физичкото здравје е добро, но не заборавајте да се грижите за себе и да внимавате на она што го јадете.

Петел –година на раѓање (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005)

Љубовта цвета во годината на мајмунот. Од друга страна на полето на кариерата сè се одвива бавно и затоа нема да можете да ги остварите своите планови во брзо време. Постојат големи шанси за здравствени проблеми и затоа се препорачува да најдете време за одмор. Во кругот на семејството сè е стабилно и секој проблем ќе биде решен без многу помпезност.
Куче –година на раѓање (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006)

Оваа година ќе бидете фокусирани на тоа да бидете во што подобра духовна состојба. Ако сте нови во компанијата каде што работите потрудете се да не правите премногу компромиси. Пронајдете некоја опуштачка активност затоа што работата ќе ве исцрпува. Нештата во домот одат кон подобро, па сè што било проблем во изминатата 2015-та оваа година ќе се разреши.

Свиња –година на раѓање (1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007)

Во 2016-та е вистинското време да поработите на себе. На љубовно поле сè ќе ви оди од рака и сите желби ќе ви се исполнат. Само внимавајте колегите или претпоставените да не влијаат врз приватните врски. Годината е одлична за штедење и вложување на парите во паметни зделки. Ќе имате предизвици на секое поле, но ако планирате однапред, ќе успеете сè да реализирате во зацртаните рокови.