Дневен хороскоп – 29.01.2016

zodiac-signs02

Овен 

Ќе ви се укаже добра прилика да се стекнете со пaри. Имате подобро расположение отколку во претходниот период, бидејќи успеавте, некоја ситуација која не ви одговарала, да ја решите во ваша корист. Можна е романса со поранешниот партнер.

Бик 

Доколку планирате заминување на пат ви се препорачува внимателност. Судските процеси можат да се завршат во ваша корист, а и парите ќе тропнат на вашата врата. И се допаѓате на една личност од деловната околина. Ви недостасува сила и енергија.

Близнаци 

Некој од вашето деловно опкружување се обидува да ве понижи. Со партнерот имате убав и складен однос. Можна е страствена врска со лице кое некогаш ви било мило и блиско. Обидете се да ги избегнете нештата кои ви создаваат стрес.

Рак

Ви се укажува прилика да запознаете некоја личност која многу ќе ви помогне во работата. Сигурни сте во себе и тоа придонесува за подобро функционирање. Изгледате моќно во очите на спротивниот пол. Ви се препорачува да го намалите консумирањето на слатки.

Лав 

Конкуренцијата се обидува да ве стави во лоша позиција. Некој кој ве цени сака да ви излезе во пресрет, а тоа е така бидејќи му се допаѓате и на приватен план. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз, поради што добро ќе се чувствувате и ќе бидете задоволни од себе.

Девица 

Многу сте активни кога станува збор за деловните предизвици, и тоа ќе ви донесе подобра финансиска ситуација. Склони сте на тајни врски или размислувања за некој кој ретко го гледате. Чувајте се од можни настинки, консумирајте повеќе течности.

Вага 

Премногу сте оптеретени со тоа како ќе бидете анализирани во деловното опкружување. Многу пријатели јасно ви покажуваат дека можете да сметате на нивна помош. Не сте доволно искрени во односот со партнерот. Стабилна здравствена ситуација.

Скорпија 

Лесно верувате на приказните и нештата кои ви ги пласира некој соработник. Обидете се малку да ја анализирате ситуацијата. Далеку сте од реален и искрен договор. Се чувствувате уморно и исцрпено.

Стрелец

Имате потреба да се докажувате во сите деловни сфери, па затоа можноста за грешки е голема. Посветете им повеќе внимание на потребите на партнерот. Претерувате малку кога станува збор за грижата за здравјето, нема потреба да се оптеретувате.

Јарец

Одличните деловни случувања ќе ве мотивираат да се истакнете во она што најдобро го знаете. Имате впечаток дека некој ја злоупотребува вашата добрина и племенитост. Парнерот не ви ја дава потребната поддршка. Можни проблеми со синусите.

Водолија 

Ќе запознаете една личност која е на висока положба, но немојте по секоја цена да ги прифатите сите нејзини понуди. Интимно сте незадоволни со компромисите кои морате да ги направите во односот со партнерот. Можни се повремени вртоглавици и несвестици.

Риби 

Финансиската ситуација ќе се поправи. Можна е понуда за хонорарна работа. Подготвени сте за некаков вид на компромис за кој претходно не би се согласиле. Добри односи со огнените знаци. Можни се проблеми со видот.