Дневен хороскоп – 16.02.2016

zodiac-signs02

Овен

Премногу брзате. Ова е период за оние кои имаат повеќе трпение за важни деловни комуникации. Во љубовта ги криете вистинските чувства. Отворете се.

Бик

Добро и позитивно влијание имате на деловната околина. Тоа ви помага да бидете уште посилни. Не сте претерано задоволни со љубовниот живот. Можна е осаменост. Чувајте се од настинки.

Близнаци 

Не сакате кога морате сами да раководите во деловниот живот а притоа да бидете стоги кон соработниците. Личноста родена во знакот на Риби ве обожува. Забавете малку, чувајте си го здравјето.

Рак 

Очекувате премногу од работата која ви се нуди како нешто што треба да ве „просветли“. Потребна ви е вистината од саканото лице. Премногу сте психички оптеретени.

Лав 

Во деловниот живот премногу сте оптеретени. Претерувате кога велите дека не ја чувствувате повратна љубов од саканото лице. Вашата нервоза ја пренесувате на другите околу вас.

Девица 

Ако имате некој проблем тогаш решете го брзо и сами. На работното место ќе дојде до значителни пресврти. Дознајте колку еден Јарец ве симпатизира. Здравјето ви е добро.

Вага 

Морате да попуштите пред некој Овен. Ништо нема да успеете без негова помош. Некако сте еуфорични поради случувањата во љубовта. Не мечтајте за големи и скапи подароци. Хранете се здраво.

Скорпија 

Ќе размислувате за работата на месечно ниво, не само на неделно. Во љубовта ќе ја добиете сета љубов и внимание. Внимавајте во сообраќајот.

Стрелец 

Важно е да не бидете брзоплети и да не го губите интересот за новитетите. Прекрасно се однесувате со партнерот, а и тој со вас. Можна е појава на очен притисок.

Јарец 

Ќе добиете награда за работата. Можна е добивка на пари. Во љубовта ќе западнете во некои игри или интриги. Чувајте ја вашата приватност. Често имате страв од болести, но ретко сте болни.

Водолија 

Постои можност на некој да му го пренесете знаењето и така да заработите. Во љубовта бидете итри, денот ќе ви биде интересен. Можна е кашлица и настинка.

Риби 

Можни се долгови, премногу трошите на неважни работи. Ги задушувате финансиите. Во љубовта мислите на емоции и љубов со некоја Девица. Рекреаирајте се преку спорт.