Дневен хороскоп – 22.12.2015

zodiac-signs02

Овен 

Напнати сте кога станува збор за случувањата на работа, особено ако чекате некое решение. Опкружени сте со лица кои добро ве разбираат и кои ви даваат корисни совети, што особно се однесува на блиските роднини. Младите членови на вашето семејство се однесуваат бунтовно. Вашето здравје е добро.

Бик 

Не ги игнорирајте важните работи, особено ако се повразни со судови или нешто слично. Некоја жена од вашата околина се обидува да ги заштити вашите интереси. Ситуацијата во вашиот дом станува прилично заморна и полна со наталожено незадоволство. Мали проблеми со здравјето.

Близнаци 

Деловната ситуација се поправа благодарение на вонредните околности, среќата и ненадејните добивки, можно преку партнерот. Имете прилика да си го наплатите долгот. Во љубовта сте полни со недоверба и можеби претерано сомнителни, само врз основа на непроверени вести. Можна е забоболка.

Рак 

Не се потпирајте на вестите кои ги добивате од соработниците, најдобро е сами да се информирате за она што ве интересира, особено ако станува збор за работа поврзана со некој Овен. Еден Бик ви поставува речиси невозможни барања. Планирате заедничко патување со партнерот. Добро се чувствувате.

Лав 

Конечно доаѓаат вашите пет минути, но ако е работи за партнерскиот однос, бидете внимателни, Можни се непријатни изненадувања во работата. Љубовниот живот не е сјаен, главно поради вашата нервоза и прилично хаотичниот начин на живот. Ве оптеретуваат проблеми со црниот дроб.

Девица 

Напнатоста расте поради некоја ситуација која од една страна ве радува, а од друга ве плаши. Се наоѓате на почетокот на некој важен период, во кој вашите работи би можеле да започнат да се придвижуваат од мртвата точка. Ќе се сретнете по подолго време со некој пријател кој ќе ви понуди конкретна помош. Проблеми со системот за варење.

Вага 

Премногу се нервирате кога станува збор за ситници. Не е момент да склопувате договори по секоја цена, особено не да потпишувате некои документи. Вашата нервоза е тешко да се поднесе, а ни вие самите не сте свесни што ја предизвикува. Можна е вирусна инфекција.

Скорпија 

Можете да предвидите некои важни моменти во врска со работата. Прилично сте неактивни и во последен период ве надвладеала мрзеливоста. Водите разговори со партнерот кои не носат ефекти, освен ако не станува збор за некој периферен проблем. Можни се проблеми со вените.

Стрелец 

Ве очекува работа која не треба да ја одбиете, но сепак таа содржи одредена доза на опасност. Потрудете се на време да дознаете нешто што одамна ве интересира во врска со работата и искористете ја таа информација за да поентирате. Проблемите со некоја Водолија продолжуваат. Мислите на некое лице кое живее далеку. Здравствената ситуација денес ќе ви биде стабилна.

Јарец 

Деловните прилики ви одат од рака. Ќе бидете пријатно изненадени од нешто. Некој конечно ќе ви подаде рака за помирување. Внимавајте на тешките зборови во односот со партнерот, можни се несогласувања. Избегнувајте консумација на слатки.

Водолија 

Доколку премногу се потпирате на совети од пријателите, можно е да бидете оштетени, особено ако станува збор за колеги кои не се на исто ниво со вас. Занемарете ги озборувањата и ситните проблеми и сфатете дека секој ги има во својот живот. Поведете сметка за изгледот.

Риби 

Очекуваниот прилив на пари нема да пристигне навремено. Многу сте тврдоглави кога станува збор за домот и семејството. Вашите најблиски го губат трпението со вас, но на вас тоа не ви пречи. Внимавајте можни се повреди во домот, особено ако ракувате со остри предмети.