До поголема самодоверба со промена на положбата на стоење

Не е тајна дека вежбањето го поттикнува нашиот мозок да почне да лачи допамин кој нè прави посреќни и задоволни. Но, не сме ни свесни колку положбата во која го држиме нашето тело може да влијае на тоа колку сме среќни и задоволни.

samodoverba

Психологот Ејми Кади покажува дека говорот на телото и те како влијае на нашата општа самодоверба, односно како ако стоиме исправени ќе се чувствуваме посилни, повеќе отпорни на стресот и со поголема самодоверба.

Нејзиното истражување покажува дека нашето тело дава повратна информација на мозокот преку положбата и на тој начин започнуваат да се лачат разни хормони во организмот. Зависно од положбата можеме да бидеме исполнети со самодоверба или да ни недостасува.

Гледано од психолошка гледна точка, на пример, положбата на телото каде седиме со раширени нозе нè охрабрува да се чувствуваме поудобно во сопственото тело.

Луѓето кои се помалку сигурни во себе, сакаат да бидат ненаметливи и незабележани, па заземаат помал простор, односно најчесто седат подгрбавени и ги држат стапалата заедно.

Па според тоа, можеби вреди да пробате и да ја промените положбата на телото, ако сакате да ја промените и вашата психичка состојба.