Фази кои мажите ги поминуваат пред да се заљубат

Кога жената се заљубува, таа никако не може и нема намера да ја сокрие среќата, но кај мажите ситуацијата е поинаква.

vrska_par_ljubov

Овие фази ги поминува секој маж додека лудо не се заљуби:

Фаза 1- Привлечност

Во оваа фаза сѐ се врти околу физичкиот изглед и моменталната привлечност. За момците, физичкиот изглед е доста важен, но секако не е пресуден. Секој маж е индивидуа за себе, па така секој има различни омилени делови од женското тело: некој сака нозе, друг лице, трет раце… Понекогаш дури и не знаат што точно им се допаѓа, но знаат дека токму таа ги привлекува.

Фаза 2- Допаѓање

Доколку покрај привлечноста, мажот сака цело време да ја гледа девојката и да го нејзиниот слуша глас, тоа значи дека таа му се допаѓа. Ако девојката не му одговори на ист начин, тогаш тој брзо ја заборава.

Фаза 3- Атрактивност

До оваа фаза мажот може да ја заборави девојката, без да чувствува тага или болка, бидејќи тој сѐ уште не вљубен. Во оваа фаза, откако девојката ќе му возврати, мажот одлучува да ја заведе да ја натера да му се допадне.

Фаза 4- Импресија

Дури и сега тој не е ни блиску до заљубување во девојката. Во оваа фаза тој и го покажува својот потенцијал, планира состаноци и купува подароци.

Фаза 5- Пресуда

Во оваа фаза мажите се прашуваат дали нешто би можело да се случи со оваа девојка. Меѓутоа, наместо тој да се заљуби, неговата цел е таа да го засака него.

Фаза 6- Реафирмација

Откако ќе се случи девојката да се заљуби, тој започнува сериозно да размислува дали сака врска со неа. Можеби ви звучи себично, но така ги научила еволуцијата да размислуваат: „Не губете време во мислење, туку барајте што повеќе женки за ширење на семето”. Сега тој се повлекува и неколку дена размислува што понатаму.

Фаза 7- Подготвен за љубов

Ако смета дека таа е вистинската, тој во оваа фаза конечно се заљубува. Доколку донесе спротивен заклучок мажот започнува да ја избегнува жената и да губи интерес за неа.