IFFHS: Луис Енрике тренер на годината

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Луис Енрике е најдобар тренер во 2015 година, во изборот на Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS).

luis-enrike

Луис Енрике со Барселона освои пет од можните шест трофеи: првенството и Купот на Шпанија, Лигата на шампиони, УЕФА Суперкупот и Светското првенство за клубови. Единствено Барселона на го освои Суперкупот на Шпанија.

Тренерот на Барселона победи со вкупно 165 гласови, а зад него се најдоа Пеп Гвардиола од Баерн (86), Масимилијано Алегри од Јувентус (43), Унаи Емери од Севилја (39) и Марсело Гаљардо од Ривер Плејт (33).

Извор: Макфакс