Свирежи од трибините: „Кариоките“ не знаат да дадат гол среде Бразил

Бразилците самоуверено најавуваа атак на олимпиското злато во фудбал во машка конкуренција, но барем засега „Нејмар и компанија“ се предмет на потсмев во својата татковина. Имено, по разочарувачкото реми со Јужна Африка на стартот, „кариоките“ синоќа повторно ги разочараа своите верни фанови, играјќи 0-0 и против селекцијата на Ирак.

nejmar-brazilci-615x400

Две реми по првите две кола, без ниту еден постигнат погодок, дефинитивно е огромен неуспех за селекцијата предводена од суперѕвездата на Барселона. „Кариоките“ упатија 20 удари кон противничкиот гол, но се беше попусто кога не го најдоа патот до мрежата, а најубавата шанса ја пропушти Ренато Аугусто, кој од идеална позиција не успеа да се запише меѓу стрелците.

За новото бледо издание бразилските фудбалери беа „наградени“ со свирежи од трибините, сосема очекувано со оглед на огромните амбиции и очајните игри на оваа селекција. „Кариоките“ во следното коло ќе ги одмерат силите со Данска, а доколку не успеат да триумфираат тоа ќе значи и срамна елиминација уште во групната фаза од овие Олимписки игри.

преземено од ekipa.mk