Еве во какво издание тој сака да ве види во кревет

Мажите се визуелни типови и тоа е причината што се вртат по секоја згодна девојка која минува покрај нив. Мажите обожаваат жени во миничи, во тесни фустани, високи потпетици, но најмногу од сѐ сакаат жени во секси долна облека.

seks

Мажите постојано мислат на секс и ја замислуваат својата партнерка во најразлични секси изданија. Ако му приредите некое од нив, ќе го полудите од возбуда. Еве како тој сака да ве види во кревет:

Заводлива наметка

Жените честопати мислат дека мажите не ги сакаат наметките за по дома, но ако го дочекате во убава свилена или сатенска наметка, под која ѕирка секси долна облека (или пак ништо), она што ве очекува потоа во креветот целосно ќе ве полуди.

Бел корсет за исончан тен

Белата долна облека истовремено изгледа секси и невино, а и момците ја обожаваат. Белиот корсет е полн погодока, особено во летниот период кога имате исончан тен – комбинација со која ќе го воодушевите.

Секси чорапи

Приредете му на партнерот вистинска филмска сцена и набавете црни чорапи со подвезици.

Нешто црвено

Црвената боја секогаш е секси и возбудлива. Кога ќе сакате повторно да ја разбудите страста во креветот, одберете парче долна облека во жешко црвена боја.

Секси ноќница за жешките ноќи

Памучните пижами се секси, но момците едноставно не можат да одолеат на свилени или сатенски ноќници во кои жените изгледаат фантастично, без оглед на градбата.

Доколенки за спортски типови

Некои дами не сакаат секси долна облека, подвезици и чипки. Но, можат да изгледаат опасно заводнички во обични сиви доколенки, кои во секојдневните комбинации изгледаат опуштено, но и секси.