Ало девојки… приземјете се…

mitko1Овој пат мојава колумна ќе биде малку поинаква. Нема да пишувам за некоја неостварена љубов, нема да пишувам за некој настан што мене ми се случил, нема да пишувам за некоја измислена приказна. Во последно време гледам на ова Фејсбуков па и на другиве социјални мрежи фрчат лајкови по текстови од типот : Чувај ја лепотицата, Чувај го оној, овој, па се пишува за месечини, небо, земја…итн. Kонзумент на ваквиот тип на текстови е претежно женската популација со мал исклучок на машката. Па имам прашање : се пронаоѓате ли во тоа и дали навистина верувате во таквите текстови. Јас мислам и тврдам категорично дека НЕ верувате во такво нешто и сметам дека е само перење на совеста. Мислам дека утехата е во некои излитени фрази: ете ваков треба да биде, сите машки се исти, идиоти, па постирање на песни на Оливер Драгојевиќ, Џибони и други- знаете од оние срцепарателните. Да прашам било која девојка каков е дечкото што го замислувате како од пушка ќе испали : да биде обичен, да ме сака, почитува, да биде покрај мене бла бла бла….абе ајде.. Ако се лажеме. Критериуми до небо, претходното кажано не постои и некое несфатливо спонзорушко однесување. Алоооо дајте да си збориме реално, има ли кој да ве сака… ама озбилно. Намалете ги критериумите, баталете ја гордоста, принципите и бидете нормални. Во градов сеуште има дечки, добри дечки што знаат да сакаат, да бидат со вас. Пробајте, дајте им шанса, ќе ви се погоди тоа ви го тврдам најодговорно.

Ако се надевате дека нешто ќе се случи како од филмовите многу се лажете. Ако очекувате дека ќе ви паднат книгите и дека тој што ќе ви помогне и погледите ќе ви сретнат некаде на средина е само фикција, или пак ситуација од средношколските филмови каде што токму вие го фаќате најголемиот фраер кој е недостижен за сите е малку потешка варијанта. Едноставно дајте му шанса на некој што ви искажал љубов, што сака да биде со вас, што ќе направи да бидете среќни. Дајте му шанса на некој што ви кажал дека ве сака, дека сака да биде со вас, дека е среќен што е со вас. Едноставно дајте му шанса, па и вие ќе бидете среќни. Изборот е едноставно прост. Или ќе го одберете ова или пак ќе си продолжите со однесувањето такво какво што го имате. Само запомнете дека се, се дознава во нашиот мил град. Секој, секого знае. Ако мислите дека ќе помине скриен швалерајот или акањето со еден куп дечки се лажете. Ниедно машко не сака да биде со жена што претходно била како апаратче за куцање во ЈСП. Доволно е да прашате за некој каков е низ маало или на факултет или на работа и ќе ви се отворат како прозор. Никој не сака таков човек покрај себе. Бидете едноставни, бидете убави, бидете свои. Тоа се работите што ние мажите ги сакаме.

Можеби ќе бидам распнат за ваквата колумна ама гајле ми е. Тоа е реалноста сакале вие прифатете или не. Имате избор и искористете го правилно. Или ќе превземете нешто или пак ќе си постирате Оливер Драгојевиќ и ќе си се тешите колку сте навистина вие несреќни. За крај еден совет : Приземјете се…ама озбилно, најозбилно приземјете се…

 

Митко Сланинкоски

 

 

 

Останатите колумни на следниот линк.

(Објавувањето колумни, мислења, ставови, писма и текстови од надворешни автори е одраз на намерата на „Хајд Парк“ да даде простор на секого кој сака да се искаже. Но, напоменуваме дека мислењата и ставовите изнесени тука, не се одраз на ставовите на „Хајд Парк“ и целосно се оградуваме)

Доколку сакате и вие да ни испратите мислење, став, писмо, текст или дело од било каков вид, тоа можете да го направите на следниот линк.