Јануарски намирници против грипот

Во периодот на епидемија од грип, нутриционистите советуваат да го наоружате вашето тело со витамини и антиоксиданси. Иако тие не го спречуваат грипот, ќе ви помогнат да го подобрите имунитето и така полесно да се изборите со покачената температура.

morkov_greipfrut

За да ја зајакнете отпорноста на организмот, важно е во секојдневната исхрана да вклучите сезонски намирници.

Морков

Морковот е богат со бета керотен, кој во телото се претвора во витамин А. Витаминот А е еден од клучните регулатори на имунитетот. Покрај тоа, тој ги штити и дишните патишта, системот за варење и уринарниот тракт. Морковот е нискокалоричен зеленчук и најдобро е да се конзумира сиров или како додаток на салатите, бидејќо со готвењето се губи неговата нутритивна вредност.

Магданос

Магданосот е зачинска билка која најмногу се користи во подготовката на вкусни зимски супи и переа. Богат е со влакна, витамин Ц и калиум, а има и поголема нутритивна вредност од морковот. Покрај тоа што штити од грип, магдоносот ја стимулира работата на бубрезите и јетрата и го чисти организмот од токсини.

Мандарини

Само една мандарина значително ќе го подигне нивото на енергија, бидејќи содржи повеќе од 60 отсто од дневните потреби на човечкиот организам за витамин Ц. Најдобро е да ја јадете рано наутро, а може да ја користите и како додаток на зимските салати со зелен зеленчук.

Кељ

Кељот е одличен извор на витамин К, кој нам ни е потребен за здрави коски. Исто така, докажано е дека витаминот К го штити организмот од повеќе облици на деменција, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест. Со варање се губи неговата нутритивна вредност, па затоа внимавајте да не го преварите во текот на подготвувањето.

Грејпфрут

Грејпфрутот, покрај витаминот Ц, обилува и со влакна кои даваат чувство на ситост. Ова овошје го намалува нивото на маснотии во крвта, но исто така се смета и за одличен сојузник во борбата против вишокот калории. Грејпфрутот може да се јаде сиров или да подготвите мултивитамински сокови. Конзумирајте го во умерени количини, бидејќи истражувањата покажале дека може да зголеми дејството на поединечни лекови.