Како да изгледате убаво без шминка?

Имаме неколку совети за вас како да ја одржувате кожата здрава и убава со што ќе постигнете совршен природен изглед без шминкање. 

lice_nega_ubavina

Сон за убавина

Сонот е пресуден за убавиот изглед на вашата кожа. За да функционира нормално нашето тело, потребни ни се од 6 до 8 часа сон. На лицето кое не е наспиено се гледаат подочниците, акните и потеченоста. Спиете доволно, така пудрата и коректорот нема да ви се потребни.

Чистење на лицето

Темелно исчистете го лицето два пати дневно. Одберете средство за чистење на кожата кое ќе ви одговара и никогаш, ама никогаш немојте да спиете со шминка.

Уредни веѓи

Веѓите може да го променат изгледот на целото лице. Кога ќе го пронајдете обликот кој ви одговара најмногу, редовно одржувајте ги. Уредните веѓи даваат впечаток на чисто и средено лице.

Хидратација на кожата

Не заборавајте секој ден да нанесете крема на вашето лице и тело. Преку ден обавезно користете крема со заштитен фактор, а по чистење на лицето и пред спиење ставете хидратантна крема.

Исхрана

Правилната исхрана е многу важна, како за здравјето, така и за убавината. Колку повеќе овошје и зеленчук јадете, толку повеќе сјајна и мека ќе биде вашата кожа.