Знаци дека врската станува сериозна

Вo подолгите врски, порано или подоцна, почнуваат да се јавуваат знакови кои покажуваат дека нештата станале сериозни. Ви откриваме некои од тие знаци.

vrska_par-ljubov

Вашата облека е во неговиот ормар и обратно

Кога кај партнерот минувате многу време, многу е веројатно дека барем некој дел од вашата облека ќе се најде во неговиот ормар или обратно, и тоа е сигурно еден од знаците дека сте во сериозна врска.

Во фрижидерот има нешта кои и двајцата ги сакате

Кога во вашиот ладилник ќе почнат да се наоѓаат нешта кои ги сакате само вие и нешта кои ги сака само тој, немате само заеднички фрижидер, туку и заедничка сериозна врска.

Вашите предмети се во неговиот тоалет

Кога вашиот шампон е на кадата покрај неговиот гел за туширање и кога во ормарчето покрај вашите тампони се наоѓа неговиот жилет за бричење, а тој тоа воопшто не го ни забележува без сомнеж станува збор за знак дека сте во сериозна врска. Разбирливо, вашите хигиенски средства ви се потребни кога останувате повеќе денови кај него. Тоа не е знак само на сериозна врска, туку и на практичност, се разбира. Доколку сакате партнерката да останува подолго во вашиот стан, отстапете и малку од својот простор. При тоа имајте во предвид дека во никој случај не и е доволна само една скромна полица.

Отворена врата од тоалетот

За некои жени тоа е голем чекор во врската. Своето тело го дели со вас во креветот, а сега е подготвена со вас да сподели и некои посебни моменти, навистина посебни. Тоа ги вклучува моментите кога се бричи под пазувите, бикини зоната, кога става маска на лицето или кога мочка. Отворената врата на тоалетот е како отворен влез во нејзиниот свет. Доколку партнерката тоа ви го допушти и “подари“, значи дека сигурно ве смета за “материјал“ за сериозна врска.

Лозинки за електронска пошта

Кај партнерите кои се веќе извесно време во врска и не кријат ништо еден од друг, доверувањето на лозинки или пинови за банковна картица не е ништо револуционерно. До тоа доаѓа поради брзината на животот, а со самото тоа и го олеснува секојдневието. Тоа мора да се случи без присилување, уцени и притисоци. До тоа најчесто доведува сплет на околности. Доколку партнерот ви ги довери своите лозинки, сигурно не планира со вас да биде само една недела, туку сте во сериозна врска.

Запознавање со родителите

Кога партнерот ќе ве претстави на своите родители, знаете дека влегувате во сериозна врска. Затоа што сигурно ниту вие ниту тој не го носи секој свој партнер дома на запознавање. Тоа е привилегија за личноста со која вашите родители треба да се видат повторно.

Се јавува на вашиот телефон

Овој чекор е силен индикатор за сериозна врска и значи дека сака да ги познава луѓето кои ве опкружуваат. Истото важи и доколку ви довикнува кога е во тоалет, на пример, вие да се јавите на неговиот телефон. Освен тоа, истово значи и дека не постои никаква веројатност дека го бара некоја спорна личност од минатото, т.е дека со вас започнува и има врска изградена на искрени темели.