Едноставен трик за подолготраен маникир

Лакирањето нокти ви е здодевно бидејќи веќе наредното утро ќе забележите дека лакот почнал да се лупи? Не грижете се, еве еден многу едноставен совет за да успеете да го избегнете тоа. 

nokti

На чисти нокти пред лакирањето нанесете оцет!

Оцетот ќе ви ги исчисти ноктите од масти и ќе овозможи подолго траење на лакот. Потоа нанесете основа, главен и завршен лак, како што правите секојпат.

Овој мал трик ќе ви помогне вашиот маникир да трае подолго, а на вас ќе ви помогне барем еден ден да се одморите од четкичката.