Палачинките се дел од омилените јадења на менијата во речиси сите држави и континенти во целиот свет. Прв пат палачинките се опеани уште од старогрчките поети пред нашата ера.
Англискиот збор pancakes за прв пат се споменува во Англија во 15 век, а неколку држави во светот, меѓу кои и Канада, Велика Британија, Исланд, Нов Зеланд и Австралија имаат и Ден на палачинките.
Палачинките се идеални за секој оброк во денот, а можат да се направат во солена и блага варијанта
Во продолжение прочитајте топ 10 Gotvi.mk рецепти со палачинки:
1. Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено – Потребни ви се само две состојки, а овие палачинки не содржат лактоза, глутен и рафиниран шеќер. Целиот рецепт прочитајте го тука.
2. Солени палачинки – Можете да ги сервирате кога ќе ви се најават гости или како предјадење за целото семејство. Рецептот можете да го прочитате тука.
3. За сите гурмани: Палачинки кватро салами – Одличен специјалитет кој никого нема да остави рамнодушен. Ако ги направите кога ќе ви дојдат гости, со сигурност ќе ви го побараат овој рецепт.
4. Посно: Палачинки без зејтин – Заблуда е дека палачинките не може да бидат посни. Прочитајте го овој рецепт за посни палачиники и уживајте во брзината на готвењето.
5. Палачинките на Леа – Здраво, вкусно, едноставно и брзо. Направете малку промена во исхраната со овие овесни палачинки кои можат да бидат во солена или блага варијанта. Рецептот прочитајте го тука.
6. Палачинки за 3 минути – Брз десерт на кој му се радуваат сите генерации. Подгответе ги овие палачинки и споделете го рецептот со вашите пријатели. Филот е по ваша желба. Детали за рецептот прочитајте тука.
7. Палачинки со мед и ореви – Пробајте ги овие палачинки со мед и ореви по традиционален, а за многумина незаменлив рецепт.
8. Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт – Овој рецепт е вистински предизвик за сите љубители на палачинки. Прочитајте како да подготвите Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт.
9. Палачинки на кои не можете да им одолеете – палачинки со крем, чоколаден прелив, ореви и џем од вишни. Многу се вкусни, а еве го рецептот.
10. Џиновска блага палачинка – Џиновската блага палачинка се готви многу едноставно и секој член на семејството може да ја подготви како одлично изненадување. Еве го рецептот.