Знаци дека вашите кавги стануваат сериозен проблем во врската

Невозможно е да бидете во брак или врска, а никогаш да не се скарате. Сите оние кои велат дека немале ниту една кавга – лажат.

kavga_vrska

Но, како да препознаете кога кавгите ќе излезат од граници на нормала?

1. Се карате многу често

Добро е од време – на време да се скарате, но ако кавгите настануваат заради тоа кој ќе купи леб на враќање кон дома, тогаш време е да се запрашате што не е во ред.

2. Кога се карате, сфаќате дека не можете да се сетите што кажал/а партнерот/та

Еден од најголемите проблеми е токму овој – партнерите не се слушаат и разбираат, туку само возвраќаат.

3. Почнувате и физички да се пресметувате

Ако започна со туркање, веројатно ќе заврши со удирање. Не постои ниту една добра причина за вакво насилство.

4. Водите белешки кој води во кавгите

Ако во вашата глава постои листа колку пати вие сте биле во право, заборавивте на суштината на врската.

5. Избегнувате да бидете во иста просторија за да не се скарате

Ако не можете да бидете во иста соба без да си префрлите, повторно имате сериозен проблем.

6. Сите ви велат да раскинете

Ако пријателите и родителите забележуваат дека врската едноставно не е здрава за вас, тогаш тоа е вистината.

7. Кога ќе се смирите, всушност, не сте се смириле

Дури и кога ќе го решите проблемот, чувствувате напнатост? Тоа е затоа што имате еден клучен проблем кој никако не го решавате гласно – дали воопшто сакате да продолжите со врската.

8. Кога се карате, се навраќате на минатите кавги

Наместо да пробате да ја решите оваа кавга, се сеќавате на минатите и ги префрлате работите од пред неколку месеци или години. Очигледно е дека не ни сакате да ги решите проблемите, туку само да ги продлабочите.

9. Кога изговарате нешто грозно, сфаќате дека тоа навистина го мислите

Ако во истиот момент кога ќе го/ја навредите не ви е жал и не се извините, тоа е знак дека нешто навистина не е во ред.

10. Се заканувате дека ќе прекинете

Секоја кавга ве води кон крај? Можеби е време еднаш засекогаш да го ставите.

11. Не можете да се сетите кога последен пат сте биле среќни заедно

Кога не се карате – спиете. Трета опција како да нема. Ако се пронајдовте, бидете подготвени за пропаст.