Како да освоите машко срце

Секоја жена сака да ја пронајде љубовта на својот живот. Кога сметате дека можеби сте го пронашле вистинскиот, и сакате да го добиете и да го имате само за себе, следете ги овие три чекори кои водат до центарот на неговото срце.

ljibov_vrska_

Бидете му пријателка

Ако го сакате, веројатно и во иднина се замислувате со него. Едни од најдобрите врски почнале со пријателство, и на долги патеки се покажало дека трајните врски на пријателството ќе го издржат тестот на времето. За разлика од ова, дотколку вашата врска се темели само на сексуална привлечност, а не на вистинско пријателство, не може да очекувате дека ќе трае долго.

Гледајте филмови заедно, зборувајте за проблемите, а во исто време, не заборавајте да флертувате со него да го потсетите дека вашето интересирање е многу повеќе од платонско.

Покажете се каква што сте

Со други зборови, не плашете се да се покажете во вистинско светло, такви какви што сте. Кога се жените заљубени, тие се трудат да покажат интерес во сите сфери на љубовта и човекот кој го сакаат, до тој степен што ги напуштаат своите лични интереси и пријателства, поточно најчесто тие влегуваат во сенката на нивната врска. Внимавајте да не ја поминете границата и останете свои.

Покажете му дека ви значи

Ако толку многу го сакате, и сметате дека е посебен, тоа можете да му го покажете на различни начини. Ако сте во врска, едноставен допир, како што е држење за рака, допирање на рамената, или давајќи му поддршка кога оди на подолг пат се само неколку начини со кои можете да му ја покажете својата љубов. Да се биде прва која ќе го сослуша и ќе му дава совети кога ќе се бори со некој проблем , ќе го засили неговото лично чувство и ќе му покаже дека за вас е посебен и многу важен.