Како да се ослободите од масните наслаги на критичните делови од телото?

Науката докажа и дефинираше 6 типови на дебелина, предизвикани од различни фактори.

debelina

Проверете во која група спаѓате, каков начин на живот водите и како да го решите проблемот:

1. Дебелина од храна

Овој тип на дебелина е најзастапен во светот и настанува заради претераната количина мрсна храна и шеќер. За да се ослободите од масните наслаги, вежбајте најмалку 30 минути дневно.

2. Дебелина од нервоза

Овој тип на дебелина е предизвикана од анксиозноста, стресот и депресијата. Луѓето кои патат од овој тип најчесто депресијата ја лечат со благо. Најважно е психички да се контролирате и да се занимавате со повеќе активности кои ќе ве ослободат од стресот.

3. Глутенска дебелина

Главно присутна кај жените во адолесценција, менопауза или со хормонски дисбаланс. Важно е да избегнувате долго седење, цигари и алкохол, а да практикувате вежби со тегови.

4. Дебелина заради бавен метаболизам

Луѓето со ваков тип на стомак најчесто се чувствуваат како подуен балон, во кој се акумулирани сите масти. Најпогодени се лицата кои консумираат алкохол или имаат проблеми со дишењето. Најмалку што можете да направите е да се откажете од пороците и да се фокусирате на исхрана богата со зеленчук и овошје.

5. Дебелина заради циркулација

Ова претежно е генетски наследна дебелина, а може да настане и во текот на бременоста како и кај лицата кои се подложни на потекување на нозете. Решението е да бидете поактивни, односно да се прават вежби како трчање или качување по скали.

6. Дебелина од неактивност

Тип на дебелина која ги погодува сите модерни луѓе кои се залежани или по најмалку 8 часа во седечка положба. Неопходни се добро осмислени тренинзи за активирање на целото тело, најмалку 3 пати во неделата.