Макпрогрес Виница позитивен пример за еколошка и општествено одговорна компанија

Свеста за зачувување на животната средина расте, а компаниите во Македонија бараат начин да станат еколошки препознаени. Макпрогрес Виница е позитивен пример за општествено одговорна компанија која голем дел од отпадот кој го создава го селектира и рециклира преку системот на Пакомак.

upravna zgrada 2

Покрај тоа во  изминативе години компанијата направи инвестиции со цел замена на погонското гориво кое го користи во производниот процес. Пристапи кон примена на течен нафтен гас и со тоа драстично допринесе кон заштита на животната средина бидејки гасот е многу поеколошко гориво во однос на нафтата. Беа реалиизрани и низа други мерки за подобрување на производството, намалување на празните одови, редуцирање на технолошкиот отпад, како и мерки за целосно рециклирање на амбалажите од хартија, метал и пластика.

Уште од своите почетоци Макпрогрес има јасна определба да вложува во заедницата каде што работи и живее, а заштитата на животната средина отсекогаш била приоритет. Со имплементирање на деловната стратeгија за еколошки разој РРР – Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби како и со преструктурирање на Макпрогрес, постигнавме позитивни резултати од кои јас лично сум многу задоволен, а со што го намаливме значително своето негативно влијание врз животната средина. Чистата животна средина е поврзана со секој аспект на нашето живеење, а долгорочно гледано и со нашиот опстанок, изјави Глигор Цветанов, извршен директор на Макпрогрес Виница.

Да се биде дел од системот на Пакомак подразбира прифаќање на одговорноста за зачувување на животната средина и висока еколошка свест на секоја компанија членка на системот. Пакомак пет години по ред ги остварува националните цели, континуирано инвестира во комунална инфраструктура и реализира едукативни кампањи за подигнување на еколошката свест кај јавноста. Во досегашното работење преку системот на Пакомак се собраа и преработија вкупно 50.162 тони амбалажен отпад, којшто се состои од хартија, пластика, стакло, композит, метал и дрво, изјави Ико Брдаровски Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Макпрогрес е проактивна општествено одговорна компанија која секојдневно поддржува и инвестира во многу проекти кои се во делот на севкупното живеење како спорт, култура, образование и екологија. Компанијата е добитник на националната награда за општествено одговорни компании доделена од Министерството за Економија на Р. Македонија.