Маски кои ќе го спречат побелувањето на косата

kosa_pobeluvanje

Маски

Со годините косата станува сува, тенка, влакната поспоро растат, лесно се кршат и губат сјај. За да го вратите сјајот на вашата коса, два пати неделно користете маски чии основни состојки се квалитетни масла и путер.

Силната масажа на главата со природни масла докажано е добро средство во порба против белите влакна. Најпопуларно е кокосовото, но ефикасно е и бадемовото, маслиновото, рицинусовото и маслото од јојоба. Маслото од рузмарин е најпопуларно за потемнување на косата. Доволни се неколку капки.

Од маслиново масло

На безживотната бела коса сјајот ќе и го врати маската на база на маслиново масло и мед, која треба да ја применувате еднаш неделно. Измешајте еднакви количини на масло и мед, смасата нанесете ја до коренот, ставете кеса, а потоа топол пешкир. По половина час, косата измијте ја со шампон.

Истата постапка можете да ја примените со сок од лимон, кој ќе го измешате со кокосово масло и ќе го втриете на косата. Овој природен третман подеднакво е ефикасен за превенција од појавување на бели влакна и опаѓање на косата.

Црн бибер

Добро измешајте 1гр црн бибер, половина шоља кисело млеко, половина лажиче сок од лимон и бадемово масло. Смесата нанесете ја на косата и останете така половина час, потоа измијте се. Правете го тоа два пати неделно.