МОЌТА Е ВО НАШЕТО ГРЛО ДА МОТИВИРАМЕ ДРУГИ И ДА СЕ МОТИВИРАМЕ СЕБЕСИ

Потребна ни е цел која ја посакуваме или навика која во потполност ќе ни помогне да се мотивираме себеси

Многумина од нас веруваат дека дисциплината е нешто што или го имаме или го немаме, нешто со што се раѓаме и што можеме да го развиваме. Но, постојат и демотивирани луѓе кои се подготвени да бидат истрајни во она што го сакаат. Едноставно: имаат соодветна и разновидна мотивација. Ако стануваме секое утро да трчаме, не значи дека сме дисциплинирани, туку дека тоаедноставно толку многу го сакаме.

Но, како да бидеме „дисциплинирани“ во поглед на она што го сакаме: Да ја најдемевистинската мотивација и… сé е полесно. 

Да избереме еден фокус и да му се посветиме.Залудно е да се обидуваме да бидеме мотивирани за сé одеднаш. Да си поставиме цел и да се обидеме пред сé само со една навика, фокусирајќи се на неа. Тоа го имаат направено и многу познати личности, правејќи ги  големите успеси додека билелесни исоздавајќи големи нешта додека биле мали.

Да смислиме план.Да си поставиме мерлива и остварлива цел. Да направиме план за сите наши пориви однапред и да испланираме како да ги достигнете своите цели. Да ги следиме приоритетите и да не отстапуваме од она што ни е важно.

Да ја користиме моќта на своето грло, да се поттикнеме себеси и своите сакани да ги развиваме своите потенцијали и да веруваме во себе.

Да го задржиме фокусот што е можно подолго. Да се потрудиме да не нé дефокусира првата препрека, првата потешка одлука или задача, да ставиме стикери околу себе, потсетници, да си праќаме пораки, да блогираме, што било, всушност… сé што е потребно.

Да го одбереме нашето опкружување во согласност со нашите потреби и цели. Да направиме  амбиент што нé поттикнува да успееме, за да не ја одржуваме мотивацијата само кратко време. Мораме да веруваме во себе, мораме да си помагаме, да се мотивираме, да се бодриме, бидејќи нашето грло е нашата моќ.

На крајот не останува многу, туку едноставно да гопрославименашиот успех!