Што го предизвикува зимскиот замор?

Со доаѓањето на зимата, деновите станиваат се пократки, па затоа и сончевата светлост е се помала. Поради недостатокот на сонце, нам ни недостига и витамин Д, кој е главен фактор за зимскиот замор.

zamor

Витаминот Д е важен за здравјето и убавината, а нашето тело го произведува само кога сме изложени за сончеви зраци. Покрај тоа, во зима забавено е и производството на мелатонин и серотонин (хормоните кои се важни за регулација на сонот и доброто расположение), што доведува до пад на расположението и постојаното чувство на замор.

Значи, во зима е многу важно да бидете изложени што повеќе на дневна светлина, а добриот сон, редовната физичка активност и правилната исхрана помагаат да се чувствуваме подобро.

Затоа, излезете од дома во текот на денот и искористете го секој сончев зрак и дневна светлина.