Најубаво раскажаните приказни од амбалажен отпад добија највредни награди од Пакомак

Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди.

Kategorija UCHILISHTA mesto 1

Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад.

Наградите беа доделени во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко, додека во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски“ од Демир Капија.

Kategorija GRADINKI mesto 1.1

„Овој уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот, секоја година одново нé импресионира со иновативноста, начинот на изработка, умешноста и креативноста на авторите. Има навистина многу еколошки ангажирани уметници и креативци, училишта и градинки кои и оваа година осмислија добра приказна и освоија супер награди. Им честитам на добитниците и на сите финалисти, а ги повикувам сите останати да се инспирираат од нивните дела кои се веќе изложени во Веро-центарот“ – изјави Ико Брдароски, Менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Kategorija POEDINCI mesto 1 1

Конкурсот како и секоја година се фокусираше на намалување на користењето, повторно искористување и рециклирање на амбалажниот отпад низ процес на креирање од кој низ годините произлегоа проникливи уметнички дела кои провејуваат со досетливост, креативност и вештина во изработката.

3 motor

Повеќе информации во врска со резултатите од конкурсот и наградените поединци, училишта и градинки можете да најдете на веб страната: www.pakomak.com.mk