Намирници кои ќе ви помогнат да го затегнете стомакот

Сонот на секој човек кој тренира е да има убаво издефенирани стомачни мускули без грам сало. Но за да се постигне тоа покрај многу вежбање треба да се корегира и исхраната. Исхраната треба да биде правилна за да во комбинација со квалитетни вежби да се дојде до посакуваните резултати.

muskuli_telo_vezbi

Оброците треба да бидат редовни, што значи дека не постои прескокнување на оброци и потоа надополнување со наредниот. Ова значи дека треба да има повеќе оброци. Се препорачуваат 5-6 во тек на денот.

Тоа се помали и поголеми оброци. Во помалиот спаѓа ужината која се состои од овошје или зеленчук, а во голем оброк спаѓаат главните оброци, а тоа се доручек, ручек или вечера. Со таа комбинација од помали и поголеми оброци ќе се постигне добар резултат, бидејќи тоа ќе го забрза вашиот метаболизам и со тоа ќе се согоруваат калории.

Ова исто така ќе го растерети вашето тело и ќе го олесни варењето на храната. Значи два часа пред ручек и два часа пред вечера изедедете мал оброк, а можете и два часа по вечерата, ако тоа е лесна храна која нема да го оптерети стомакот пред спиење. Ако консумирате обилен доручек, ручек и вечера, ќе внесете голем број на непотребни јаглехидрати и масти кои ќе се таложат и ќе создадат сало. Стомакот би изгледал надуен.

За појадок може да се јаде на пример мусли со млеко. Тоа е многу лесна храна која содржи јаглехидрати и не се претвора веднаш во шеќер, па затоа е препорачлива.

За ужина може да јадете парче овошје или сендвич со зеленчук, бидејќи тоа не е тешко да се свари.

Месо и риба се одличен избор за ручек. Но, месото треба да се вари или пржи во маслиново масло, а не со обично.

За вечера може да се јаде салата со зеленчук бидејќи таа е лесна храна.

За да се избегне дехидрација на телото, треба да пиете што повеќе течности, особено додека тренирате, бидејќи тогаш многу се трошат. Исто така се препорачува и зелениот чај за кој е докажано дека влијае врз согорување на маснотиите.

Можете да земете банана за ужина или за појадок, бидејќи таа е многу хранлива.

Овошје во лушпа, како што се ореви, бадеми и лешници се исто така многу добри за стомачните мускули. Не треба да заборавиме на јогуртот и млекото кои треба да бидат вклучени во вашето дневно мени, бидејќи тие се многу богати со протеини, кои се од суштинско значење кога тренирате.

Тренинзите можат да бидат многу напорни и ви треба многу енергија, при што во голема мерка може да придонесе за потреба на внесување протеини. Исто така, имајте на ум дека кога ќе избирете млеко и јогурт обрнете внимание да се изберат тие со низок процент на масти. Исто така се препорачува и немасно сирење.

Изборот секако зависи од вас и ако се практикува да се земе сè како што е наведено, со добар тренинг ќе бидете во можност да се пофалите со убави стомачни мускули.