Важни елементи со кои ќе ја зачувате врската

Без разлика дали сте во брак, живеете заедно со партнерот или размислувате на таков чекор, врската е најчесто најважниот дел во животот, но и понатаму многумина не знаат како се гради среќна љубовна врска.

vrska_par

Од сите елементи кои врската ја прават успешна, следните три се веројатно најважните:

1. Среќниот дом не се гради од еден, треба заедно да се гради

Веројатно ви изгледа многу едноставно кога ќе погледнете во некои баба и дедо кои сѐ уште се држат за рака, но времињата се менуваат, а со нив и сè останато. Како што сè се менува многу брзо, морате и вие да бидете во чекор со промените и заедно да се прилагодувате на околностите.

2. Никогаш не смеете реченицата да ја започнете со „ти“

Секогаш кога реченицата ќе ја започнеме со „ти“, партнерот веќе почнува да претчвуствува критика и се подготвува за одбранбен став, бидејќи секоја ваква реченица означува некакво обвинување. Научете да ги започнувате разговорите со „јас“ или „ние“.

3. Споделете ги чувствата

„Подобро ништо да не се каже, ако се нема нешто убаво да се каже“ е сосема добар однос ако сакате да одржите некакво површно пријателство, на пример во односите со колегите, но не и со партнерот. Во љубовта нема место за ваков однос.

Сите понекогаш се гушиме кога треба да кажеме нешто што не го мислиме вистински, но тоа го правиме само за да не ги нарушиме односите. Љубовта едноставно ова не го трпи. Љубовта постои, бидејќи се познавате меѓусебно со партнерот доволно добро за да можете да се слушате без разлика на тоа кој што зборува.

Во врска доколку сакате истата да трае, преголема искреност може да доведе до караници, но ако навистина и двајцата партнери се трудите и вложуваат, нема никакви шанси да ја загрозат.