Не ја преспивајте зимата

За да ја одржите посакуваната телесна тежина, но и за да го зајакнете имунитетниот систем и да го зачувате здравјето, потребно е да останете телесно активни и во зима.

zima_vezbanje

Со ладното време слабее и волјата за вежбање и попрактично ви се чини да потонете во фотељата. Но, зимскиот период не треба да го преспиете и да заборавите на телесната активност која е исклучително важна. Ако на недостигот од вежбање го додадете фактот дека зимските месеци изобилуваат со празници и зголемена исхрана, не е тешко да заклучите зашто повеќето луѓе во пролетта влегуваат со вишок килограми. За да ја одржите посакуваната телесна тежина, но и да о зајакнете имунитетниот систем и да го зачувате здравјето, потребно е да останете телесно активни и во зима. Иако на прв поглед не се чини така, зимскиот период, сепак има различни можности за активност.

Умерен тренинг

Вежбањето и телесната активност во зимските месеци не треба да бидат премногу интензивни. Задоволувачкото ниво на вежбање може да постигнете со секојдневна прошетка на свеж воздух. За такви едноставни активности, не ви е потребна никаква дополнителна опрема , освен волја и желба. Важено е да сфатите дека вежбањето е корисно и позитивно влијае на различните органски системи.

Тоа што е неопходно за зимските месеци е зајакнување на имунитетниот систем. Со активно вежбање се зголемува бројот на имуноглобулни, односно молекули на имунолошкиот систем што се борат против инфекциите и организмот е отпорен на болести. Притоа, многу е важно да останете умерени, бидејќи напорниот тренинг може да го ослабе имунитетот до максимум и да го исцрпи организмот и да има спротивно дејство. За разлика од интензивниот тренинг, умерениот го зајакнува имунолошкиот систем.

Пред вежбањето загрејте се, бидејќи вежбањето на ладно го зголемува ризикот од повреда на мускулите. Се препорачува лесно истегнување по направената вежба, по што ќе се чувствувате подобро, ќе ја подобрите циркулацијата и количеството енергија.